Детективскиот серијал „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ од Ненси Спрингер наскоро во издание на „Арс Ламина“

За сите љубители на детективските романи и на Шерлок Холмс, наскоро од печат ќе излезе новиот серијал „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ од авторката Ненси Спрингер, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. На полиците на книжарниците „Литература.мк“ набрзо на македонски јазик ќе се најдат првите две книги од серијалот: „Исчезнатиот маркиз“ и „Левораката дама“.

Главната протагонистка на книгите е 14-годишната Енола Холмс, екстремно интелигентна тинејџерка-детектив и помлада сестра на Шерлок Холмс. По романите за Енола, минатата година беше снимен и филм на „Нетфликс“ со Мили Боби Браун, Хенри Кавеил и Хелен Бонам Картер.

„Исчезнатиот маркиз“ е првата книга од серијалот „Мистериозните случаи на Енола Холмс“. Кога Енола ќе открие дека мајка ѝ е исчезната, таа бргу тргнува во Лондон да ја бара. Но, дали е спремна за сè што ја очекува во големиот град? Таа бргу се замешува во киднапирањето на еден млад маркиз, истовремено е во бегство од опасни криминалци и од сопствените браќа – кои сакаат од неа да направат дама – а покрај тоа, се обидува да ги протолкува трагите што ќе ѝ го објаснат чудното исчезнување на мајка ѝ. Дали Енола ќе се справи со сите овие предизвици?

Во втората книга од серијалот, „Левораката дама“, Енола Холмс е во бегство! Зад петиците ѝ е, ни помалку ни повеќе, нејзиниот постар брат, Шерлок Холмс. Сепак, додека се обидува да му се измолкне на легендарниот детектив – во најголемиот, најмрачниот и највалканиот град на светот – таа ги открива неочекуваните цртежи на Леди Сесили, што ѝ оставаат силен впечаток. Но, Леди Сесили е исчезната без трага. Храбро трагајќи по левораката дама низ темните улици на Лондон, Енола ризикува повеќе од што треба. Ги ризикува сопствениот идентитет и сопствениот живот, во случај многу покомплексен од обично исчезнување на една леворака дама.

„Мистериозните случаи на Енола Холмс“ е нов серијал за млади, со досега издадено шест продолженија во Англија во периодот од 2006 до 2010 година. Романите се совршени за вљубениците во Шерлок Холмс, детективската фикција и мистериите.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.