Попусти до 75 отсто во „Литература.мк“ на Garage Sale во „Рамстор мол“

Голем број бестселери и книги за деца ќе можат да се набават со попусти до 75 отсто, од 12 до 18 август, во книжарницата „Литература.мк“ во „Рамстор мол“. Попустите се во рамките на акцијата „Гараж сејл“ (Garage Sale), што традиционално ја организира трговскиот центар „Рамстор мол“ во Скопје. Во оваа сезонска распродажба има специјална понуда со романи до 150 денари. На листата се: „Екстремно гласно и неверојатно блиску“ од Џонатан Сафран Фоер, „Архангел – ослободување на ѕверот“ од Даниел Бибовски, „Есента на патријархот“ од Габриел Гарсија Маркес, „Спортскиот амбасадор Новак Ѓоковиќ и подемот на Србија“ од Крис Бауерс, „Соба со поглед“ од Едвард Морган Форстер, „Светлината на Сатурната“ од Кристина Димовска и други.

Со специјални цени, до 250 денари, се книгите за деца: „24 часа во Еднорозија“, „Чорапојадци“, „Исидора Мун оди на училиште“, „Лошилиште“, „Роња, разбојничката ќерка“, „Тато, имаме приказна“, серијалот „Замокот на стравот“ и други. На попуст од 30 отсто ќе бидат дел од најбараните книги за најмладите: „Шах за деца“, „Мали огласи“, „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња 1, 2“, „Приказни за момчиња кои не се плашат да бидат поинакви“ и други.

По цена до 300 денари ќе можат да се најдат хит-книгите: „Зошто јас?“ од Мартин Јованоски, „Сите светли точки“ од Џенифер Нивен, „Претседателот исчезна“ од Бил Клинтон и Џејмс Патерсон, „Јас сум Малала“ од Малала Јусафсај, „Млеко и мед“ од Рупи Каур, „Јас сум Миа“ од Јана Мишо и други.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.