„Без Мерит“ ги открива најдлабоките тајни на едно семејство

„Од сите места на светот каде би можеле да бидеме, ние сме токму тука. Во исто време.“

Семејството Вос е сѐ освен нормално семејство. Тие живеат во најнеобичната зграда во целиот град. Внатре, во оваа куќа, живеат седум најнеобични станари. Во семејството Вос има атеист, растурач на дом, поранешна сопруга која пати од тежок облик на агорафобија и тинејџерка чијашто чудна опсесија се граничи со некрофилија.

„Погледнете од друга перспектива, не гледајте само низ сопствените очи.“

Зградата во која живеат порано била најпосетената црква во нивниот град, таткото на Мерит ја купил оваа нова црква, која станала нивен дом. Семејството Вос значително ја преуреди внатрешноста на црквата, но сè уште има три елементи што спречуваат ова живеалиште да се разликува од обичен дом:

1. витражни прозорци;

2. статуа на Исус Христос висока два и половина метри, закачена на ѕид;

3. црковна табла во предниот тревник.

„Секоја грешка не заслужува последица. Понекогаш единственото нешто што заслужува е прошка.“

Таткото на Мерит одбра куќата да се вика „Долар Вос“. Затоа што куќата е поделена на четири блокови, а четири четвртини прават еден долар.

Во Блок 1 се наоѓа дневната соба и кујната. Блок 2 е поделен на шест мали спални соби, по една за Мерит, за нејзината сестра и за двајцата браќа. Петтата спална им е гостинска соба, а шестата се користи како канцеларија за татко им. Кога мајката на Мерит успева да го преживее ракот, нејзиниот татко се преженува со нејзината поранешна медицинска сестра. Па, токму затоа во Блок 3 се наоѓа спалната соба на татко им и Викторија. Додека, пак, во Блок 4 се наоѓа подрумот, уреден како гарсониера. Таму живее мајката на Мерит.

„Она што сакам да го кажам е, две исти работи можат да им се случат на двајца луѓе, ама тоа не значи дека тие ќе доживеат исто количество стрес поради нив. Сите ние имаме различни нивоа на стрес на кои сме навикнати.“

Мерит Вос има импресивна збирка на трофеи. Собира трофеи што не ги освоила. Секојпат кога ќе ѝ се случи нешто зафркнато таа одбира трофеј од распродажби во дворови или од хуманитарни продавници за предмети од втора рака. Еден ден, додека разгледува трофеи во локалната антикварница, Мерит забележува едно момче, кое ја привлекува многу повеќе од кое било друго момче во целото нејзино училиште, само затоа што не го познава.

„Една личност не може да влијае врз тоа дали некој ќе му биде привлечен, но може да влијае врз сопствените постапки кон некој.“

Сеган е момче кое има сини очи и темна коса, која му е разбушавена и неуредна. Има тетоважи само на левата рака. Неговата духовитост и дарба за цртање успеваат да допрат до срцето на Мерит. Неговиот идеализам ја разгорува нејзината искра живот – сè додека не открие дека тој е комплетно недостапен.

„Ама само затоа што не зборуваме не значи дека јас не го чувствувам секој пат кога ќе ме погледне.“

Мерит се повлекува во себе, набљудувајќи го семејството, успева да открие тајни што ниту еден трофеј во светот не може да ги поправи. Една вечер, одлучува дека нема веќе сила да ги чува тајните на ова семејство длабоко во себе…

„Ако тишината беше река, твојот јазик ќе беше бродот.“

Не можејќи да живее во лага, Мерит решава да ја разниша илузијата за среќно семејство од кое никогаш не била дел и да ги напушти засекогаш. Кога не ѝ успева планот, принудена е да се справи со последиците од кажувањето на вистината.

„Да се откажев од животот исто како што се откажав од училиштето, животите на сите ќе продолжеа. Со или без Мерит.“

Ова е книга што ќе успее да ви открие колку длабоки тајни може да има едно семејство. Едно необично семејство, една навидум необична приказна што ќе успее да допре длабоко до вас.

„Ние сме само различни луѓе со различни доживеани искуства.“

Пишува: Изабела Велковска

izabelavelkovska@gmail.com

Книгата „Без Мерит“ од Колин Хувер во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, а онлајн може да се нарача преку www.literatura.mk на следниот линк: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=144800

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.