„Арс Ламина“ со поддршка за младите шахисти на „Ласкер“ во Охрид

Сѐ со цел промовирање на шаховската игра и поттик на младите шахисти, издавачката куќа „Арс Ламина“ традиционално ги поддржува настаните во организација на шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид. Најновата соработка е во рамките на акцијата за рекреативно играње шах на членовите на ШК „Ласкер“ со случајните минувачи и туристи кои престојуваат во Охрид. „Арс Ламина“ обезбеди награди што им беа доделени на учесниците на настанот што се одржa од трети до осми август, на кејот во центарот на Охрид, пред хотелот „СУ“.

Покрај шахистите од ШК „Ласкер“ – Охрид: Александар Алексовски, Никола Николовски, Елена Лушеска, Андон Колоски, Емилија Лушеска, Филип Неделкоски и Јована Котушеска, на настанот гостуваа и првакот на Македонија за 2021 година – Филип Михов и Емил Ристески, членови на ШК „Алкалоид“ – Скопје, кои одиграа многубројни блиц-партии со темпо на игра 5’+3″ со многубројните минувачи.

На натпреварувачите им беа доделени ваучери со попуст на книгите со шаховска тематика во издание на „Арс Ламина“: „Шах за деца“ од Сабрина Шеванес и „Дамски гамбит“ од Волтер Тевис (на којшто е базирана истоимената мегапопуларна ТВ-серија на „Нетфликс“), како и за шаховски табли што можат се најдат во книжарниците „Литература.мк“. „Арс Ламина“ обезбеди и тефтери и пенкала за шахистите.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.