Bibbych сними видеоспот во книжарницата Literatura.mk Superstore

Најголемата книжарница во Македонија, Literatura.mk Superstore, е локацијата каде што е снимен видеоспотот на младата хип-хоп музичарка Бибич (Bibbych), за нејзината нова песна Don’t Judge The Cover. Насловот на нумерата (прев. Не ја суди корицата) е извлечен од познатата изрека: „Не ја суди книгата по корицата“, па одлично се вклопува со амбиентот богат со книги на суперпродавницата на „Литература.мк“.

Биби Тасевска (Бибич), која е авторка на песната, се јавува и како режисерка на спотот. За камерата и монтажата беа задолжени „Encore Media Production“, а за продукцијата – Fundament. Нумерата е снимена во студиото на „Mecka Warrior Production“, Охрид.

Инспирацијата за новата песна ја добила од секојдневието и од многубројните животни искуства.

– Верувам дека секој човек е своја книга и секоја книга има своја приказна и не треба да се суди според корицата, но тоа не значи дека секоја книга е за нас. Како и општо со книгите. Јас сум голем љубител на книги и верувам дека кога се чувствуваш „заглавен“ во животот, сите одговори можат да се најдат во книгите. Оттаму и желбата да се снима во „Литература.мк“. Атмосферата во литература и огромниот избор на книги едноставно не те оставаат рамнодушен, можеш да „заглавиш“ со часови таму. Беше прекрасно искуство да се снима и да се соработува со тимот на „Литература.мк“. Многу сум благодарна што ми овозможија да снимаме во книжарницата во „Скопје сити мол“. Бев многу топло добредојдена и сигурно ќе се вратам пак – изјави Бибич.

Таа е необична девојка од Битола, која се појави на нашата музичка сцена пред три години со цел да ја раскаже приказната за својот живот, а воедно со тоа и да ги инспирира помладите, да не се плашат да бидат свои во овој свет кој од нас бара да сме тивки и исти за да чувствуваме дека припаѓаме некаде.

– Јас сум мирољубива бунтовничка, без влакна на јазикот. Музиката ми го спаси животот! Со секоја нова песна поминувам низ нова преродба и веќе сум зависна од тоа, а истовремено и ја споделувам мојата порака со светот. Колку прекрасно е тоа? – вели Бибич.

Кафе-книжарницата Literatura.mk Superstore, која се наоѓа на вториот кат на „Скопје сити мол“, за малку повеќе од една година прерасна во омилената дестинација на сите љубители на книгите. Покрај тоа што е просторно најголема книжарница кај нас (на површина од 500 м2), таа нуди и најголем избор на книги, како и на актуелна програма за подароци, играчки, канцелариска и училишна опрема. Во рамките на суперсторот се наоѓа и модерно уреденото „Кафе Литература“, каде што посетителите можат да уживаат во добрите книги, со вкусно кафе и освежителни коктели.

Literatura.mk Superstore е простор каде што се одржаа и други значајни музички настани. На отворањето на книжарницата концерт одржа македонската гитарска легенда Влатко Стефановски со своето трио. На оваа локација се одржаа и серијалот „Мини астро-концерти“ во „Кафе Литература“, во рамките на кои настапија познати домашни музички имиња: групата „Љубојна“ како квартет, вибрафонистот Антоние Весковски, триото „Тринити Стрингс“, џез-дуото Марија Димитријевиќ и Гордан Спасовски, босанова триото на Јани Костурски, Ѓоле Грујовски и Маја Капсарова, како и Дориан Јовановиќ со вокалистката на „Чалгија саунд систем“, Добрила Грашеска. На новогодишната прослава на „Литература.мк“, која се стримуваше онлајн, свиреше младиот скопски бенд „Фанк шуи“.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.