„Пандемија! 2“ од Славој Жижек е хроника за едно изгубено време

По успехот на „Пандемија!“, во која се осврна како вирусот Ковид-19 го тресе светот, познатиот словенечки филозоф и автор Славој Жижек го објавува второто продолжение на книгата посветена на општеството за време на актуелната пандемија. „Пандемија! 2“, која е хроника за едно изгубено време, деновиве излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Во второто продолжение на неговата книга „Пандемија!“, светски прочуениот филозоф, психоаналитичар, автор и коментатор на современите случувања, Славој Жижек, одново се осврнува на светот зафатен со пандемијата, но овој пат речиси една година подоцна, од позиција на сведок. Жижек не се оддава на повторување на веќе изнесените согледувања, ниту, пак, запаѓа во стапицата на самобендисаното задоволство од точноста на сопствените предвидувања. Наместо тоа, познатиот аналитичар нурнува уште подлабоко во феноменот на општеството растргнато помеѓу стремежите за слободно движење и дружење од една и потребата за колективни воздржувања од друга страна.

Во реакцијата на човештвото на долгите месеци поминати во изолација, страв од зараза и гнев заради неунифицираниот одговор на властите, Жижек ги препознава симптомите на цивилизација заробена во сопствените противречности и неспособна за заедничка борба не само со вирусот туку и со идните, уште поголеми предизвици. Пандемијата, се чини, наместо да го обедини човештвото пред заедничкиот непријател, уште повеќе ги потенцира неговите вградени идеолошки конфликти, можеби забрзувајќи го патот кон амбисот. Како што смета авторот, овој мачен пат не мора да заврши со пропаст. Решението постои, но тоа од сите нас ќе бара многу повеќе отколку што сега изгледа дека сме подготвени да дадеме.

Предметот на оваа фантастична и изненадувачки читка анализа не е само пандемијата. Во неа читателот ќе најде извонредно длабок увид за актуелните состојби во светот и претставува задолжителна лектира за секој што сака не само да знае туку и да разбере: што се случува со нашата кревка замисла за „нормално секојдневие“?

Жижек е роден во 1949 година и во доменот на неговиот интерес се филозофијата, психоанализата, културологијата, филмската критика и политичката теорија. Во 1989 година ја пишува првата книга на англиски јазик, која го става на светската писателска мапа и оттогаш има издадено десетици дела и есеи.

Делата на Жижек се протегаат од Хегел до Бетмен преку анализи на актуелните светски состојби, па сè до комплетно сериозни осврти во разликите на дизајнот на веце-школките во европските земји. Напишал безброј колумни за најтиражните светски списанија, редовно се појавува на најпознатите светски телевизии, а неговите јавни предавања ширум светот речиси без исклучок предизвикуваат огромен интерес.

Книгите „Пандемија! 1 и 2“ се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на интернет-страницата www.literatura.mk.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.