Едукативна тура низ Скопје инспирирана од „Мистериозниот град под калето“

По повод 58 години од катастрофалниот скопски земјотрес, на 26 јули (понеделник), со почеток во 9 часот, ќе се одржи едукативната тура наречена „Скопска авантура“. Настанот, наменет за деца и младинци, е инспириран од интерактивната книга за деца „Мистериозниот град под калето“ од авторката Александра Тодоровиќ, со илустрации од Марко Јанев, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Зборно место на турата е Триумфална капија во центарот на Скопје, а ќе бидат посетени повеќе значајни места: калето, Мустафа-пашината џамија, црквата „Свети Спас“, Чифте амам, Сули ан и Камениот мост.

– На нашата обиколка инспирирана од „Мистериозниот град под калето“ ги покануваме сите што сакаат да „патуваат“ низ времето. Временската машина е самата книга, а наши водичи се кои други, ако не јунаците кои живеат во неа. Заедно со нив ќе се качиме во автобусот на Триумфалната капија и ќе се упатиме кон калето. Оттука ќе одиме во Мустафа-пашината џамија и црквата „Свети Спас. За сè да биде позабавно, ќе направиме мал одмор во Старата скопска чаршија, каде што ќе се напиеме лимонада и ќе пробаме од вкусните бонбони во најпознатата продавница за слатки. На ред ќе дојдат Чифте амам и Сули ан, а во меѓувреме не само слатките туку и игрите чекаат на нас! Иако патуваме назад во годините – игрите си постоеле отсекогаш. Се впуштаме во забавна авантура каква што досега немало. Барем така мислиме. Можеби имало во минатото. За да знаеме што се случувало некогаш, тоа мора да го доживееме сега! Затоа дојдете во понеделник на нашата скопска тура – вели авторката Александра Тодоровиќ.

„Мистериозниот град под калето“ е книга посветена на Скопје во периодот под османлиска власт. Станува збор за роман-авантура, базиран на концептот прашање и одговор, каде што самиот читател го одредува текот на настаните и дејството, преку избор на страницата што ќе се сврти. По првпат на нашиот пазар, ваквата иновативност е директно поврзана со податоците за градот и аспектите од неговото културно наследство: спомениците, настаните, начинот на облекување, храната, јазикот и друго. „Мистериозниот град под калето“ е првата книга од серијалот книги за деца „Скопје од А до Ш“.

Книгата „Мистериозниот град под калето“, која неодамна беше промовирана, е достапна во сите книжарници „Литература.мк“, како и онлајн на интернет-страницата www.literatura.mk.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.