Одбележуваме 122 години од раѓањето на Ернест Хемингвеј со пет негови најзначајни дела во издание на „Арс Ламина“

Со современите класици „Снеговите на Килиманџаро“, „За кого бијат камбаните“, „Сонцето повторно изгрева“, „Подвижна гозба“ и лектирното издание на „Старецот и морето“ одбележуваме 122 години од раѓањето на еден од најголемите американски писатели на минатиот век, добитник на Нобеловата и Пулицеровата награда за литература – Ернест Хемингвеј. Книгите, кои неодамна беа објавени со нов дизајн, се во рамките на кампањата на издавачката куќа „Арс Ламина“ за реобјавување и реактуализирање на современите светски класици. Книгите веќе се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на http://www.literatura.mk.

Неповторливиот раскажувач, новинар, спортист и боем, со авантуристички дух, е роден на 21 јули 1899 година во Оук Парк, предградие на Чикаго, САД, како второ од шесте деца на Кларенс Едмондс и Грејс Хол Хемингвеј. Пораснат е во голема викторијанска куќа, изградена од неговата баба, мајка на неговата мајка. Додека неговата мајка се надевала дека нејзиниот син ќе развие интерес за музика, Хемингвеј ги сакал интересите на неговиот татко, односно ловот и риболовот на езерото Мичиген. Семејството поседувало куќа наречена „Виндермер“ на езерото Валун, па Ернест често ги поминувал летата во таа куќа. Овие рани искуства со природата му ја поттикнале страста кон патувањето, запознавањето нови предели и авантури во изолирани места. Учествувал во неколку војни, бил воен дописник, но и војник. Го пропатувал светот само со три нешта во куферот: пушка, јадица и машина за пишување.

Не постои ништо што може да се спореди со пишувањето. Сè што треба да направиш е да седнеш покрај машината за пишување и да крвавиш ‒ Ернест Хемингвеј.

Својата писателска кариера ја почнува во „Канзас Сити стар“ во 1917 година. За време на Првата светска војна, доброволно се пријавува како возач на брза помош на италијанскиот фронт, но е вратен дома, со оглед на тоа што е сериозно ранет додека служи во пешадијата. Во 1921 година, Хемингвеј се сели во Париз, каде што станува дел од кругот на иселениците на Гертруда Стајн, Ф. Скот Фицџералд, Езра Паунд и Форд Медокс Форд. Неговата прва книга „Три раскази и десет песни“ е објавена во Париз во 1923 година, а по неа следува збирката раскази „Во наше време“, што го одбележува и неговото американско деби во 1925 година.

Со објавувањето на „Сонцето повторно изгрева“ во 1926 година, Хемингвеј станува не само гласот на „изгубената генерација“ туку и најистакнатиот писател на своето време. Потоа следува „Мажи без жени“ во 1927 година, кога Хемингвеј се враќа во САД и неговиот роман за италијанскиот фронт „Збогум на оружјето“ (1929). Во триесеттите години на 20 век, Хемингвеј се сели во Ки Вест, а подоцна и во Куба, но патува многу – во Шпанија, Италија и Африка – и пишува за своите искуства во „Смрт во попладнето“ (1932), неговиот класичен трактат за борбите со бикови и „Зелените ридови на Африка“ (1935), приказна за лов на голем дивеч во Африка. Подоцна известува за Шпанската граѓанска војна, која станува основа за неговиот брилијантен воен роман „За кого бијат камбаните“ (1939), лови со бродови на Карибите и го покрива европскиот фронт за време на Втората светска војна.

Најпопуларното дело на Хемингвеј, „Старецот и морето“, е наградено со Пулицерова награда во 1953 година, а во 1954 година Хемингвеј ја добива Нобеловата награда за литература „за неговата моќна, стилообразувачка вештина на уметноста на раскажување“. Едно од најважните влијанија врз развојот на расказот и романот во американската проза, Хемингвеј ја зграпчи имагинацијата на американската јавност како никој друг автор од дваесеттиот век. Умира, извршувајќи самоубиство, во Кетчум, Ајдахо, во 1961 година. Негови други дела се и „Брзаци на пролетта“ (1926), „Победникот не зема ништо“ (1933), „Да имаш и да немаш“ (1937), „Петтата колона и првите четириесет и девет раскази“ (1938), „Преку реката и во шумата“ (1950) и, постхумно, „Подвижна гозба“ (1964), „Острови во струјата“ (1970), „Опасно лето“ (1985) и „Рајската градина“ (1986).

1. „Сонцето повторно изгрева“

„Да уживаш во животот значи да научиш да добиваш онолку колку што си платил и да знаеш кога си го постигнал тоа… Ова ми се чинеше како добра филозофија. За пет години, си мислев, ќе ми изгледа исто толку смешна како и сите други добри филозофии што ги имав.“

Џејк е силно вљубен во Брет Ешли, но во неа се вљубени и Роберт и Мајкл. Преку нивните доживувања, маки и пијанки, од кафулињата и булеварите на Париз, до борбите со бикови и фиестата во Памплона, Хемингвеј ни ја отсликува „изгубената генерација“ – генерацијата на млади и не толку млади луѓе, кои се обидувале да ја потиснат траумата од Првата светска војна преку забава, алкохол, љубов, секс и уметност. „Сонцето повторно изгрева“ е можеби првиот вистински писателски триумф на Хемингвеј. Првпат објавен во 1926 година, овој роман останува едно од највпечатливите модерни книжевни дела, а воедно и незаборавна апологија на една генерација која била принудена да ги отфрли сите илузии на своето време и како што знае и умее да продолжи да живее.

Книгата „Сонцето повторно изгрева“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14594

2. „Снеговите на Килиманџаро и други приказни“

„И токму во тој момент сфати дека ќе умре. Одеднаш го преплави мислата; не како наплив на вода или ветар, туку на ненадејна смрдлива празнина, а необично беше што хиената се прикрадуваше нечујно по работ.“

Во збирката „Снеговите на Килиманџаро и други приказни“ можете да ги прочитате едни од најпознатите и највлијателните раскази на Ернест Хемингвеј. Од „Убијците“, првиот зрел расказ на Хемингвеј, преку автобиографскиот „Татковци и синови“, минималистичкиот „Чисто, добро осветлено местo“, па сè до мајсторските долги раскази „Снеговите на Килиманџаро“ и „Краткиот среќен живот на Френсис Мекомбер“, авторот нè води низ Европа, Африка и Америка низ неговиот уникатен свет, полн со насилство, љубов и чест. Прекрасни во својата едноставност, оригиналност и писателско мајсторство, расказите во оваа збирка го претставуваат еден од најдобрите светски раскажувачи во неговото најдобро издание.

Книгата „Снеговите на Килиманџаро и други приказни“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14592

3. „За кого бијат камбаните“

„Ако не си видел како почнува револуцијата во едно мало гратче каде што секој се познава со секого и каде што отсекогаш секој се познавал со секого, ништо не си видел.“

Високо во шпанските планини, скриени во боровите шуми, група герилци се подготвуваат да разнесат мост со важно стратешко значење. Младиот американски доброволец Роберт Џордан е бомбашот кој е испратен да ја изврши оваа задача. За само неколку дена – секој од нив, бескрајно долг – тој ќе искуси цел еден живот. Ќе открие дека дури и една мала, изолирана мисија, извршена од неколкумина, на своите плеќи ја носи судбината на целото човештво. Романот „За кого бијат камбаните“, објавен во 1940 година, веднаш по завршувањето на Шпанската граѓанска војна, е едно од најкарактеристичните дела на Хемингвеј. Втемелен на личните искуства на авторот и неговото длабоко познавање на шпанската култура, „За кого бијат камбаните“ е можеби најпознатиот воен роман на 20 век.

Книгата „За кого бијат камбаните“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14593

4. „Подвижна гозба“

„Ако сте имале среќа во младоста да живеете во Париз, подоцна, каде и да ве однесе животот, тој ќе остане во вас, бидејќи Париз е подвижна гозба.“

Во овие мемоари – објавени постхумно, во 1964 година − Хемингвеј се навраќа кон своето помладо јас, во времето кога бил непознат писател кој секојдневно талкал низ париските ателјеа, музеи и кафулиња, обидувајќи се да се пронајде како писател. Главните ликови што се провлекуваат низ овие дваесет приказни се денес култните имиња на уметноста и културата на раниот 20 век: Френсис Скот Фицџералд и неговата сопруга Зелда, Силвија Биџ и книжарницата „Шекспир енд компани“, незгодната Гертруда Стајн, благородниот Езра Паунд, вечно пијаниот Жил Паскин, Форд Медокс Форд, Џејмс Џојс и ред други. Книгата „Подвижна гозба“ е еден од најпознатите и најомилените прикази за Париз во дваесеттите години на минатиот век – темел за низа други дела, каков што е филмот „Полноќ во Париз“ од Вуди Ален.

Книгата „Подвижна гозба“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14595

5. „Старецот и морето“

Раскажана на јазик со неверојатна едноставност и книжевна моќ, приказната за кубанскиот рибар и неговата борба со староста и силите на природата ја плени читателската публика уште од своето издавање во 1952 година. Преку искушенијата на стариот рибар и во проза што ќе ја обележи една цела генерација на американски и светски писатели, Хемингвеј ни зборува за борба од најблагороден вид – борба во која и победата и поразот се еднакво чесни и возвишени – бидејќи она што ги поврзува противниците не е ниту презир, ниту омраза, ниту страв, туку почит и љубов и храброст.

Лектирното издание на „Старецот и морето“, објавено од „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е достапно во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14605

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.