Ноам Чомски во книгата „Реквием за американскиот сон“ пишува за пропаѓањето на средната класа

Една од поновите книги на американскиот лингвист и остар критичар на современото општество Ноам Чомски, „Реквием за американскиот сон“, деновиве излезе од печат на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Во оваа книга, Чомски зборува за неолиберализмот, анализирајќи ја концентрацијата на богатство и моќ во САД во последните 40 години. Авторот храбро пишува за промените во односите на општествените сили и како тие примени доведуваат до пропаѓање на таканаречената „средна класа“, изразено со зголемувањето на разликата меѓу богатите и сиромашните. Во тој процес, Чомски препознава „десет принципи“ според кои се раководат моќниците и благодарение на коишто приграбуваат досега невиден степен на општествена контрола, што неминовно доведува до поткопување на темелите на демократијата.

Ноам Чомски е познат американски лингвист, филозоф, историчар и политички активист. Во академските кругови е познат како „таткото на современата лингвистика“, но на пошироката публика ѝ е познат како остар критичар на современото американско општество и светот воопшто. Автор е на повеќе од 150 книги, меѓу кои и бестселерот „Кој владее со светот?“

Книгата „Реквием за американскиот сон“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, а може и да се нарача онлајн преку интернет-страницата http://www.literatura.mk на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14625

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.