Летна топ листа со изданија за сите деца кои сакаат да прочитаат книга плус

Читањето отвора пат за неограничени авантури. Колку повеќе читате, толку повеќе нешта дознавате. Колку повеќе учите, на толку повеќе места можете да отидете. Читањето е една од најубавите навики, што се стекнува уште од најрана возраст. Тоа не треба да се наметнува како обврска на децата, туку како подарок и награда, пред сè кон себеси. Со секоја новоотворена книга се отвораат нови видици на децата. Не залудно се вели дека кога еднаш ќе научите да читате книги – ќе добиете бесконечна слобода. За сите деца кои сакаат да прочитаат книга плус, која е надвор од листата на задолжителни лектири, ја претставуваме листата со книги за големи и мали деца во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ . Книгите се достапни во сите книжарници „Литература.мк“, како и онлајн на www.literatura.mk. Пронајдете ја совршената книга за ова лето, ви подготвивме свежа и забавна топ 8 листа.

Летниот каталог со детските изданија можете да го погледнете на следниот линк.

https://bit.ly/36xCF1j

1. „Јас сум Акико“ од Стефан Тиќми

„Јас сум Акико“ говори за едно девојче со пегички кое не ги сака границите. Главниот лик Акико живее со својот татко, кожата ѝ мириса на стара хартија и често е осамена. Таа нема пријатели, освен пешкирот и баобабот. Но, и тие се еден вид скали кон нејзиното вистинско пријателство со Марсело, кој се појавува дури при крајот на романот. Ова е мудра книга во која малата Акико истакнува ставови за родителската љубов, за внатрешниот свет, за извртената стварност, за пријателството и за многу други сфери поради што е добро да допре и до возрасните. Тиќми ја има добиено наградата на „Политикин забавник“ за најдобра книга за деца на српски јазик за 2018 година, а веќе пишува и сценарио за долгометражен анимиран филм за Акико. Воедно, во Србија се подготвува и театарска претстава базирана на книгата. Илустрацијата на корицата за македонското издание ја направи познатиот сликар и автор на книги за деца Ване Костуранов.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14489

2. „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ од Марија Костадиновска

Ова воопшто не е некоја обична приказна. Туку, вистинска е. За две вистински соседни кралства. За Хана, една вистинска кралица. И за Фран, еден вистински крал. И не се случило еднаш, некогаш, многу одамна во двете вистински кралства, како во сите други приказни. Туку, сега, вистински се случува. Хана и Фран (главните ликови), иако ги имаат своите кралства, тие ги губат. Оттука е и првата порака и поука дека ништо не е вечно и засекогаш. За да ги вратат изгубените кралства ќе мораат да се потрудат. Насоките се јасни. Најпрвин ќе треба да научат многу нови нешта. Да бидат истрајни. Книгата „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ од Марија Костадиновска е збогатена со интересните цртежи од илустраторката Александра Филипоска.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14443

3. „Биди среќна ѕвездичка“ од Радмила Костова-Мила

Можеш да се однесуваш како вистински крал на животните, како вистински лав и да им помагаш и на другите на кои вистински им треба помош, но можеш да бидеш и мрзлива лисица, која ќе чека да ѝ помогнат. Виктор и Леона биле на далечно патување и еден ден се нашле во една шума во која виделе една лисица која изгледала целосно здрава, но не се поместувала од местото. Се чуделе како таа наоѓа храна и како преживува. По извесно време забележале дека кон лисицата се приближува некој лав, а на нивно огромно изненадување, големиот лав дошол со парче месо во устата, го спуштил пред лисицата и таа го изела месото. Виктор и Леона не можеле да им поверуваат на своите очи. Помислиле: Ако може лисицата ништо да не работи и само да седи и да чека некој да ѝ донесе храна, тогаш можеме и ние. Иако мајка им ги разубедувала дека тоа е погрешно, ги оставила сами да одлучат. Па, така, тие решиле дека веќе нема да работат ништо и нема веќе да учат. Само ќе седат во шумата и ќе чекаат…

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14452

4. „Флора и Улис: Возбудливи авантури“ од Кејт Дикамило

„Флора и Улис: Возбудливи авантури“ е дело на Кејт Дикамило, авторка која воедно се има најдено и на првото место како најпродавана писателка на листата на престижниот весник „Њујорк тајмс“. Оваа нејзина книга е исполнета со ексцентрични и шармантни карактери и е конципирана во нов и возбудлив формат. Книгата почнува како и која било друга суперхеројска приказна – со трагична несреќа во неочекувани околности. Кејт Дикамило е американска писателка на детска фикција и е една од шесте автори кои добиле два медала „Њубери“ за романите „Приказната за Десперо“ и „Флора и Улис“. Воедно, таа била и американски амбасадор за литература за млади назначена од Конгресната библиотека во 2014/2015 година.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14441

5. „Артемис Фаул“ од Овен Колфер

Артемис Фаул е немилосрден криминален генијалец. Тој има дванаесет години. Ниедна сплетка не е премногу подла, ниеден план премногу подмолен. А тој само што откри дека самовилите постојат. Кутрите самовили. Но, тие не се нежните суштества од приказните за добра ноќ. Тие се вооружени. Тие се опасни. Артемис ја киднапира капетан Холи Шорт, за да ја размени за самовилско злато. Холи е неверојатно опасна и многу изнервирана околу целава работа со киднапирањето. Артемис Фаул ќе открие дека самовилите знаат да го возвратат ударот…

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14400

6. „Приказната за Десперо“ од Кејт Дикамило

Што би можело да биде заедничко за едно малечко глувче со исклучително големи уши, еден стаорец кој копнее по свет исполнет со светлина и едно осамено девојче слугинче со едноставна, но и неверојатна желба? Читателу, тебе ти е пишано да го дознаеш тоа.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14434

7. „Окото на волкот“ од Даниел Пенак

Волкот изгубил речиси сè на патот до зоолошката градина, вклучувајќи едно око и неговата сакана глутница. И момчето, исто така, изгубило многу и видело секакви лоши нешта. Тие се гледаат око в око, секој на спротивната страна од кафезот и лека-полека ги споделуваат своите необични животни приказни… Во зоолошка градина, се среќаваат еден стар волк и едно африканско дете. Нивните очи ги раскажуваат нивните животни приказни. За волкот, тоа е Алјаска и дивиот живот под закана на човекот, за момчето, тоа е гладот во Африка и умешноста за опстанок… „Окото на волкот“ е необична и прекрасна приказна за пријателството и за преживувањето.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14440

8. „Будимир и ретките животни“ од Зоран Пеневски

Благодарение на нотесот на неговиот татко, Будимир збира шест ретки животни, а секое од нив е последниот примерок од својот вид. Но, како да се живее со една зајадлива птица и со другите палави суштества покрај секојдневните обврски? Авантурата почнува кога сите ќе тргнат во посета на Домот за стари лица… Духовита приказна што нè потсетува на тоа дека нас, како луѓе, нè определува и нашиот однос кон животните.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14127

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.