Ексклузивните изданија на „Пустина“ и „Арамиско гнездо“ од Ѓорѓи Абаџиев достапни во продажните места на „Слободен печат“

Ексклузивните изданија на класичните романи „Пустина“ и „Арамиско гнездо“ од писателот Ѓорѓи Абаџиев, кои неодамна излегоа од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, веќе можат да се најдат во сите продажни места на „Слободен печат“. Двата романа се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, чијашто цел е реобјавување на класичните дела на македонската книжевност.

Романот „Пустина“, кој првично бил публикуван во 1961 година, неодамна беше реобјавен во ново руво, со нова корица,  што ја изработи уметницата Искра Димитрова, која е внука на Ѓорѓи Абаџиев. На шести јули се одржа онлајн-промоција на романот, на која зборуваа уредникот Ведран Диздаревиќ и Злата Порчиќ, професорка по компаративна книжевност и македонски јазик во средното училиште „Ѓорѓи Димитров“.

„Пустина“ е историско-психолошки роман. Дејството се случува за време на историската 1903 година и ни е раскажано преку заробеништвото на двајцата солунски атентатори Арсо и Глигор, веднаш по еден од нивните страшни бомбашки напади. Движејќи се напред-назад низ времето и мислите на карактерите (главно на Арсо), Абаџиев ни го прикажува внатрешниот живот на двајца исклучителни индивидуалци, загубени во коридорите на историјата, должноста и љубовта. Што ако најголемиот грев на еден атентатор е да остане жив? Што понатаму?

Романот „Арамиско гнездо“, кој првично бил публикуван во 1954 година, неодамна беше исто така реобјавен во ново руво. Новото издание беше промовирано на 13 јули, онлајн, на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“. Кон „Арамиско гнездо“ се осврна проф. Марија Георгиева Димова, професорка по компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Станува збор за еден од првите романи издадени на македонски јазик. Во него Абаџиев ја користи својата богата имагинација, полна со историско знаење, за да ни го наслика времето на ајдутството. Преку ајдутите Мануш, Трајко и Муса, нивните љубени Дафа и Јана, чорбаџијата Гого Јане, Топуз-бег, Билбил-ага и уште многу други, тој му вдахнува живот на не толку далечниот XIX век. Ова е роман за сите љубители на историската фикција! Книгата е богата со прекрасни пејзажи: возвишени планини, мистериозни шуми, брзи потоци, мирни и затскриени села. Приказната е испреплетена со авантура, борби и љубов, во која непрестајно се мешаат романтизмот на народните песни, легендите и преданијата, и суровиот реализам на историските факти.

Ѓорѓи Абаџиев (07.10.1910, Дојран – 02.08.1963, Скопје) е еден од првите македонски раскажувачи и романсиери, особено истакнат по своите романи и раскази втемелени врз македонската историја. Негови најпознати дела се: „Труд и луѓе“ (уметнички репортажи и раскази, коавторство, 1936), „Изгрев“ (раскази, 1950), „Епопејата на Ножот“ (раскази, 1951), „Последна средба“ (раскази, 1953), „Арамиско гнездо“ (роман, 1954), „Пустина“ (роман, 1961), „Балканските војни и Македонија“ (монографија, 1972). Исто така, тој е еден од сценаристите на филмот „Мис Стон“ (1958). Во 1972 година е објавен избор од неговото творештво во четири тома.

Романите „Пустина“ и „Арамиско гнездо“ исто така се достапни и во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на интернет-страницата www.literatura.mk.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.