Топ 10 нови книги од „Литература.мк“ за ова лето

Конечно одмор, релаксација и време за себе и за омилените активности. Конечно слободно време за омилените книги. Тие се верни „сопатници“ на секое „патување“, без разлика дали времето ќе го поминете на плажа, во природа надвор од градот, во некоја метропола или, пак, ќе се релаксирате во вашето омилено катче во домот. Уживањето секогаш е комплетно со добар избор за читање. Летото се памети по патувањата, новите искуства и дружби, но и по прочитаните книги. Создадете убави спомени со нови возбудливи романи.

Ви претставуваме листа со топ 10 нови наслови со кои можете да ја освежите својата домашна библиотека ова лето. Книгите се во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на интернет-страницата http://www.literatura.mk.

1. „Девет совршени туѓинци“ од Лијан Моријарти

Дали десет дена во здравствено одморалиште навистина можат да ве променат засекогаш? Овие девет совршени туѓинци наскоро ќе го откријат тоа… Девет луѓе се наоѓаат во оддалечено здравствено одморалиште. Некои се тука за да ослабат, некои за да си го рестартираат животот, а некои се тука од причини што не можат да си ги признаат ниту самите на себе. Среде луксузното опкружување на одморалиштето, среде сесиите по сосредоточеност и медитација, за брзо време сфаќаат дека овие десет дена можат да испаднат пресвртница во нивните животи. Но, никој од нив не може ни да си замисли колкав предизвик ќе бидат десетте дена што им претстојат. Лијан Моријарти е австралиска писателка и авторка на седум романи – меѓународни бестселери, вклучително и на бестселерите на „Њујорк тајмс“: „Тајната на сопругот“, „Големи мали лаги“ и „Вистински лудо виновни“. Нејзините книги ги читаат над четиринаесет милиони читатели низ светот, вклучително и еден милион читатели во Австралија. По книгата „Девет совршени странци“ е снимена новата серија со Никол Кидман, која ќе биде премиерно прикажана во август.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14604

2. „Рандеву“ од Луиз Џенсен

Нешто лошо ѝ се случи на Алисон Тејлор. Нејзината саботна вечер почна нормално. Поради разделбата со сопругот, пријателите ја убедуваат да излезе на рандеву со друг човек. Таа е подготвена, нервозна и возбудена. Спремна е да направи чекор кон нејзината нова иднина. До недела наутро, животот на Али е непрепознатлив. Се буди знаејќи дека нешто не е во ред. Дома е, сама, повредена и не се сеќава што ѝ се случило. Уште полошо, кога ќе се погледне во огледалото, таа не го препознава ликот кој гледа во неа. Не може да ги препознае ниту роднините ниту пријателите. И не може да ја препознае личноста која се обидува да ја уништи…

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14623

3. „Тој почна сè“ од Саманта Даунинг

Бет, Порша и Еди Морган не биле заедно со години. И тоа поради многу добри причини – ќе дојдеме до нив подоцна. Но, кога нивниот богат дедо ќе почине и ќе остави порака непосредно пред тоа, сестрите, братот и нивните партнери мораат да одат на заедничко патување низ целата држава за да ја исполнат неговата последна желба – и уште поважно – да си го обезбедат својот дел од наследството. Но, времето поминато со фамилијата може да биде тешко. Тоа важи за сите. Уште е потешко кога сите чуваат тајни и се обидуваат да заборават едно сеќавање – исчезната личност, чин на одмазда, човек со црн камионет кој не престанува да го следи вашиот автомобил – особено кога најмалку еден од вас е убиец и има тело во багажникот. Само да споменеме неколку причини. Но, парите се силен мотив. Тоа важи за сите.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14624

4. „Париската библиотека“ од Џенет Скеслин Чарлс

Годината е 1939-та, а местото е Париз. На младата, убава и амбициозна парижанка Одил Суше сè ѝ оди од рака: ја добива својата работа од соништата во Американската библиотека во Париз и почнува љубовна врска со згодниот и либерален полицаец Пол, кој ја сака и ги поддржува нејзините соништа и амбиции. Но, Германија секавично напредува во војната, а Париз е под опсада и преполн со нацистички војници. Сè што на Одил ѝ е мило, вклучувајќи ја и Американската библиотека, може да исчезне секој момент. Годината е 1983-та, а местото е малото гратче Фројд во Монтана. На тинејџерката Лили ништо не ѝ оди од рака. Непопуларна е на училиште, не може да го освои момчето кое го посакува, а мајка ѝ одеднаш тешко се разболува. Но, тука е нејзината софистицирана и образована сосетка со странско потекло со која полека се зближува. Таа со нејзиниот ум и со нејзиното однесување отскокнува од здодевното секојдневие на малиот град, а нејзиниот живот и минатото се обвиткани со мистерија и тајни. Лили не знае колку тие тајни засекогаш ќе ѝ го сменат животот.

Романот „Париската библиотека“ од Џенет Скеслин Чарлс е интересна и возбудлива приказна, полна со љубов и драма, тажни и среќни човечки судбини. Исто така, тоа е роман за книги и роман за неочекувани херои и хероини – за тоа како книгите можат да ни го сменат животот, а како читателите можат да го сменат светот.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14544

5. „Вистините во кои веруваме“ од Камала Д. Харис

Ова е книга за најсуштествените вистини што нè обединуваат и за долгата борба да се сознае кои се тие вистини и како најдобро да се дејствува според нив, прикажани преку личниот живот и низ сите сегменти на животот во САД, на жената која е еден од најинспиративните американски политички лидери. „Додека нашата демократија се соочува со сеопшт напад што не личи на ниту еден друг напад на кој сме посведочиле досега во животот, мораме да запомниме дека нашиот систем функционира тогаш кога луѓето на кои Соединетите Американски Држави им се важни, ќе се исправат и ќе почнат да учествуваат. Секој ден си поставувам задача: да бидам дел од решението, да бидам радосен борец во битката за душата на земјава. Вам ви поставувам задача да ми се придружите во тие напори. Да не креваме раце, зашто време е да засукаме ракави. Затоа што години отсега, овој момент веќе ќе биде минато. А, нашите деца и внуци ќе нè прашуваат каде сме биле кога влоговите биле толку високи. Ќе нè прашаат како било. Не сакам да им раскажувам како сме се чувствувале. Сакам да им раскажувам што сме сториле.“

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14539

6. „Дамски гамбит“ од Волтер Тевис

Осумгодишното сираче Бет Хармон е тивко и повлечено девојче со невпечатлива појава. Така е сè додека не ја изигра првата партија шах. Нејзините сетила се изоструваат, размислува појасно и првпат во животот чувствува дека има контрола.

На 16-годишна возраст, таа веќе се натпреварува на Отвореното првенство на САД. Но, како што ги усовршува вештините на шахот и зачекорува на патот на успехот, нејзината изолација станува сè позастрашувачка, а помислата за бегство сè попримамлива. По овој роман е базирана истоимената мегапопуларна ТВ-серија на „Нетфликс“.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14527

7. „За пет години“ од Ребека Серл

Каде се гледате себеси за пет години? Дени Коен живее според правилата. Млада е и амбициозна и точно знае каде се гледа себеси во животот. Ниту малку не личи на својата најдобра пријателка, спонтаната и романтична Бела. По неколку години вредна работа и грижливо планирање, Дени е на прагот за остварување на своите соништа. Ќе се вработи во најдобрата адвокатска фирма, а нејзиното совршено момче ја запросува. Дени лежи на нејзиниот кревет задоволна и убедена дека работите одат според планот.

Кога ќе се разбуди, Дени се наоѓа во друг стан, со поинаков прстен на раката, покрај сосема друг човек. Следниот еден час од нејзиниот живот Дени го поминува пет години во иднината, пред повторно да се разбуди. Иако настојува да го потисне живописниот сон, Дени не може да престане да размислува за тоа искуство. „За пет години“ е незаборавна љубовна приказна, но не онаква каква што очекувате.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14516

8. „Задоцнетиот живот на Ејми Бајлер“ од Кели Хармс

Преоптоварена и потценета, на самохраната мајка Ејми Бајлер ѝ треба пауза. Па, кога ќе се појави нејзиниот сопруг кој ја напуштил и со чувство на вина ќе се понуди да се погрижи за децата во текот на летото, таа ја прифаќа неговата понуда и од руралната Пенсилванија заминува за Њујорк. Вообичаено приземна и со добри манири, Ејми конечно се отпушта во градот што никогаш не спие. Таа открива живот исполнет со култура, софистицираност, и со мала поддршка од пријателите – со неколку состаноци на слепо. Кога еден човек ќе предизвика срцето на Ејми забрзано да чука, таа ризикува комплетно да се изгуби во непланираното бегство. Како што летото се движи кон крајот, Ејми сфаќа дека треба да донесе невозможна одлука: да остане во ова возбудливо ново поглавје од нејзиниот живот или да се врати на животот што го оставила зад себе.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14487

9.  „Списокот со гости“ од Луси Фоли

Невеста * Кум * Планерка на свадби * Деверица * Тело. На остров крај брегот на Ирска се собираат гости за да го прослават стапувањето во брак на двајца луѓе. Младоженецот: згоден и шармантен, телевизиска ѕвезда во подем. Невестата: паметна и амбициозна, издавач на списание. Тоа е венчавка за медиумите, во стилот на познатите ѕвезди: дизајнерски фустан, оддалечена локација, додатоци за забава, најдобро виски. Сигналот за мобилна телефонија е нестабилен, брановите жестоки, но секој детаљ е совршено испланиран и стручно ќе биде реализиран. Сепак, совршенството е за планови, а луѓето се несовршени. Шампањот е послужен, почнува забавата, а со многубројните реминисценции и добри желби, почнуваат низа непријатности и љубомора. Другарите на младоженецот ја почнуваат играта со пиење од нивните училишни денови. Деверицата не толку случајно го уништува својот фустан. Најстариот пријател на невестата прави необична здравица. И тогаш излегува дека некој е мртов. Кој не им посакува добро на младоженците? И, можеби уште поважно, зошто?

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14521

10. „Колку покрваво“ од Стивен Кинг

Од број еден авторот на бестселери на „Њујорк тајмс“, легендарниот раскажувач и мајстор за куса фикција, доаѓа исклучителна колекција од четири нови раскази – „Телефонот на господин Хариган“, „Животот на Чак“, „Колку покрваво“ и „Стаорец“ – секој од нив носејќи го читателот на интригантни и застрашувачки места. Расказот е форма на која Стивен Кинг во неговата неверојатна кариера постојано ѝ се враќа, од нив многу преточени во култни филмови, како „Тело“ („Биди покрај мене“) и „Рита Хејворт и бегството од Шошенк“ („Бегството од Шошенк“). Како и неговите претходни збирки раскази, „Колку покрваво“ е колекција од уникатна куса фикција од автор кој со децении суверено владее на тронот на жанрот хорор.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14543

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.