Незаборавно лето со најбараните серијали на книги за деца

Сонце, дружба, игра, патување, слобода и добра книга се првите асоцијации за летото! 🙂 Драги деца, дали уживате во летниот распуст? Откако завршија сите мали и големи училишни обврски, време е за одмор. Дали веќе направивте план како ќе ги поминете летните денови? Некои веројатно ќе заминат на плажа покрај море или езеро, други ќе се одмораат на планина или во село. Некои ќе поминат време кај своите баби и дедовци, други ќе се дружат со децата од маало. Без разлика каде ќе одите, сега сигурно имате повеќе време за другарување, патување, за омилените игри, филмови и за лектирите и некоја книга по ваш избор.

Сè со цел да ја пронајдете совршената книга за ова лето, ви подготвивме свежа и забавна листа со книги во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, кои се достапни во „Литература.мк“. На листата се дел од најпопуларните серијали на книги за деца. По прочитаните книги се памети летото, па затоа направете добар избор за незаборавно лето!

Летниот каталог со детските изданија може да го погледнете на следниот линк.

Во магичниот свет на Исидора Мун

Еден од најчитаните и најпопуларни серијали за деца е „Исидора Мун“ од Хариет Мункастер. Мајка ѝ е самовила, а татко ѝ е вампир, а Исидора е по малку од двете. Нејзино најверно другарче е Розовото зајаче, кое оживеало со помош на магија. Исидора живее во свет помеѓу магијата и реалноста. Оди во „обично“ училиште и се дружи со деца без магични моќи. Секојдневно учи нови нешта и заминува во многу авантури, придружувана од Розовото зајаче. Во овој серијал имаа 11 книги во кои Исидора Мун: слави роденден, оди на одмор, оди на преспивање, оди на екскурзија, настапува на шоу, оди на балет, оди на панаѓур, запаѓа во неволја, оди на кампување…

Книгите од серијалот за Исидора Мун можете да ги најдете во сите книжарници на „Литература.мк“ или да ги нарачате онлајн на следниот линк.

Смешки со Кралот Светкошорц

Серијалот за Кралот Светкошорц Енди Рајли содржи три забавни и смешни книги. Главниот лик, Едвин, не е обично момче. Тој е крал, со престол и сопствен оклоп и замок со тајни премини и уште што не. „Кралот Светкошорц и играчките на ужасот“ нешто чудно се случува во Едвинленд… Царот Нурбисон се смешка и прави играчки за селаните. Дали наумил нешто? Веројатно. Но, што би можело да биде тоа? Во „Кралот Светкошорц и чудовиштето од Кронг“ до кралот Едвин ќе стигне веста за едно огромно и ужасно чудовиште. Тој знае дека ќе мора да оди да се бори со него. Исто така и злиот цар Нурбисон, кој дефинитивно нема многу поитар план за чудовиштето. Секако дека не. Во „Кралот Светкошорц и злиот цар“ приказната се движи околу најужасниот човек во универзумот, кој му е сосед на Едвин. Ова никако не би можело да доведе до возбудлива авантура со акција, чоколада и крокодили-гризачи… Така?

Книгите од серијалот за Кралот Светкошорц можете да ги најдете во сите книжарници на „Литература.мк“ или да ги нарачате онлајн на следниот линк.

Авантури со Тото, мачката-нинџа

Мачката Тото е прекрасна. Но, таа не е обична рунтава мачка. Таа е речиси целосно слепа, поседува нинџа-вештини и навечер доживува неверојатни авантури со нејзиниот своеглав брат, Сивко. Во серијалот од Дермот О’Лири има две книги објавени на македонски јазик: „Тото мачката-нинџа и големото бегство на змијата“ и „Тото мачката-нинџа и неверојатната кражба на сирењето“. Во приказната за големото бегство на змијата Тото и Сивко, заедно со нивниот нов пријател, одат во потрага по големата, смртоносна кралска кобра, која, бегајќи од зоолошката градина, сее страв низ Лондон. Но, на сцената стапува Тото, која ќе ги искористи сите свои супермоќи за да ја фати. Во приказната за неверојатната кражба на сирењето, пак, Тото, нејзиниот брат Сивко и заедничкиот пријател Мачколик заминуваат на тајна спасувачка мисија. На Тото ќе ѝ требаат сите нинџа-вештини за да го совлада тој безмилосен крзнен крадец на сирењето.

Книгите од серијалот за Тото можете да ги најдете во сите книжарници на „Литература.мк“ или да ги нарачате онлајн на следниот линк.

Другарување со „Академија за еднорози“

Кој не сака еднорози? Тие се толку убави, магични и нежни суштества. На магичен начин авторката Џули Сајкс раскажува за еднорозите и за нивните пријателки во шарениот серијал „Академија за еднорози“. Ова е серијал за еднорози, но и за пријателството. Во секоја книга има приказна за другарувањето меѓу девојчињата и еднорозите: Софија и Ѕуница, Скарлет и Блесок, Оливија и Снегулка, Ава и Ѕвезда, Изабела и Облак, Лејла и Танчар. Волшебните приказни се редат една по друга и кога ќе прочитате една, сигурно ќе посакате веднаш да продолжите со следната книга. Вистинско летно уживање со светки и многу авантури за сите љубители на еднорозите.

Книгите од серијалот „Академија за еднорози“ можете да ги најдете во сите книжарници на „Литература.мк“ или да ги нарачате онлајн на следниот линк.

Запознајте ja Кити, девојчето со супермоќ како мачка

Запознајте ja Кити – шармантното девојче со супермоќ како мачка кое тргнува во необични авантури. Станува збор за книги од авторката Пола Харисон со илустрации од Jени Ловли. Во серијалот се: „Кити и Златниот тигар“, „Кити и спасувањето на месечевата светлина“, „Кити и бркотницата низ крошните на дрвјата“, „Кити и големата парада со фенерите“ и „Кити и авантурата во небесната градина“. Семејството на Кити е посебно – мама е суперхерој и Кити знае дека еден ден и таа ќе ги искористи своите супермоќи и исто така ќе стане херој. За сите љубопитковци, кои со нетрпение очекувате да дознаете во какви суперхеројски акции тргнува Кити, ви претставуваме кратка содржина од книгите. Во приказната „Кити и Златниот тигар“ Кити е нетрпелива да го посети музејот и да ја види скапоцената статуа на Златниот тигар со свои очи. Легендата вели дека статуата може да му ги исполни желбите на оној што ја поседува… Кити тргнува во авантура, бидејќи сака да му ја покаже статуата на Тиквичко, додека нема никој во музејот. Но, доаѓа до недоразбирање кога статуата ќе биде украдена, а Кити обвинета за криминал. Дали Кити ќе успее да го разјасни недоразбирањето, да го открие виновникот и да ја врати назад скапоцената статуа пред да изгрее сонцето? Приказната во „Кити и спасувањето на месечевата светлина“ почнува да се заплеткува кога мачорот Фигаро ќе дојде до прозорецот од нејзината соба да ја замоли за помош. Но, светот ноќе е опасно место – дали Кити е доволно храбра да излезе во мракот и да се впушти во возбудлива ноќна авантура?

Книгите од серијалот за Кити можете да ги најдете во сите книжарници на „Литература.мк“ или да ги нарачате онлајн на следниот линк.

Најпознатите дела од Шекспир адаптирани за деца

Најпознатите драми од легендарниот британски драмски автор и поет Вилијам Шекспир неодамна излегоа од печат адаптирани за најмладите читатели, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во едицијата „Шекспир за деца“ на македонски јазик се вклучени осум книги: „Ноќ спроти водици“, „Крал Лир“, „Ричард Трети“, „Хамлет“, „Зимска приказна“, „Многу врева за ништо“, „Ромео и Јулија“ и „Како што милувате“. Овие куси наративни и илустрирани верзии на драмите сe приспособени за помладите читатели. Децата можат самостојно да ги читаат или, пак, со помош на родителите. Исто така, можат да се користат и како дополнителна литература во наставата. Лесната нарација и илустрациите во комичен стил со сигурност ќе го привлечат интересот на децата и ќе придонесат за подобар развој на нивните читачки вештини. Серијалот е одлична можност децата уште од мала возраст да се запознаат со делата и значењето на Шекспир, нешто што се подразбира како дел од општата култура на секој човек.

Книгите од едицијата „Шекспир за деца“ можете да ги најдете во сите книжарници на „Литература.мк“ или да ги нарачате онлајн на следниот линк.

Во суперхеројскиот клуб на ТКЦП

Забавен серијал за сите деца кои ги сакаат авантурите и стриповите, подготвен од домашните автори: писателката Билјана Црвенковска и стрип-авторот Здравко Гиров. ТКЦП е кратенка за „Тајниот клуб Црно прасе“. Станува збор за книжевен хибрид помеѓу роман и графички роман, кој е интерактивен затоа што „бара“ и учество на детето со боење, доцртување, дополнување и допишување. Во серијалот има илустрирани изданија, романи и книги со активности. Приказната се движи околу Лео и неговата дружина со херои ТКЦП. Тие се борат против своите најголеми непријатели – Смрдливците… Во првата книга од серијалот, именувана како „Канџа во мракот“, се појавува таинствен „смрдливец“ во сенка. Во разрешување на мистеријата можат да се вклучат самите читатели со добојување, доцртување, допишување и дополнување на авантура додека читаат. Подгответе се за многу возбуда, акција и смеење… Покрај Лео, членуваат и Рокси, Ава, Симон, Тина и Тони. Тие се деца-суперхерои, кои, покрај тоа што имаат одредени супермоќи, сите имаат и по некој проблем или недостаток што им попречува да вршат нешто во секојдневниот живот. Пораката е едноставна: секој може да биде силен во нешто, без разлика што е слаб во нешто друго. Никој не е совршен и секој од нас може да биде суперхерој.

Изданијата од серијалот ТКЦП можете да ги најдете во сите книжарници на „Литература.мк“ или да ги нарачате онлајн на следниот линк.

Бидете детективи со Агата Одли

Запознајте ја Агата Одли, храбра и решителна хероина, која е ѕвезда на нова и модерна серија на детективски романи за деца. Агата е детективка откако знае за себе. Само го чека првиот голем случај за решавање. А нема ништо поголемо од тоа да се спаси градот Лондон од некои чудни случувања. Со живеалиште среде Хајд Парк, соба полна со омилените детективски романи и таен клуч што ѝ овозможува пристап до еден цел скришен дел на Лондон, Агата е совршено подготвена да ја реши оваа мистерија. Но, кому да верува, кога никој не е онаков како што изгледа… „Агата Одли: Тајниот клуч“ од авторката Лина Џонс е прва книга во оваа нова возбудлива супердетективска едиција! Следуваат: „Убиство во музеј“ и „Сребрената змија“.

Книгите од серијалот за Агата Одли можете да ги најдете во сите книжарници на „Литература.мк“ или да ги нарачате онлајн на следниот линк.

Предизвици и загатки со „Загадочни приказни“

Серијалот од најпродаваниот автор за деца во Србија – Урош Петровиќ, „Загадочни приказни“, е за сите деца кои сакаат предизвици и загатки! Тие што сакаат приказни ќе уживаат во нив, но секоја поставува не баш лесна задача – решавање на логичка загатка врзана за случките од една необична траперска населба. Неретко ќе биде потребна помош од постарите, бидејќи овој серијал, најблаго кажано, не ги потценува децата.

Книгите од серијалот „Загадочни приказни“ можете да ги најдете во сите книжарници на „Литература.мк“ или да ги нарачате онлајн на следниот линк.

Комплетот од авторот Урош Петровиќ содржи пет книги „Загадочни приказни“ и може да се нарача на следниот линк.

Во фантастичниот свет на Роалд Дал

Сега ќе ги посетиме најчудните места и ќе ги видиме најубавите работи!

Овој цитат од „Џејмс и џиновската праска“ е можеби најдобар вовед во светот што го создаде авторот на оваа книга, еден од најдобрите писатели за деца ‒ Роалд Дал. Станува збор за омилениот британски раскажувач, од чиешто перо излегоа безвременските: „ГДЏ“, „Матилда“, „Чарли и фабриката за чоколади“, „Вештерки“, „Џејмс и џиновската праска“, „Фантастичниот господин Лисец“ и „Огромниот крокодил“. Книгите се со препознатливите илустрации на Квентин Блејк. Веројатно повеќето од вас веќе ги прочитале овие книги или, пак, можеби сте ги гледале филмовите и цртаните базирани на овие дела. Книгите на македонски јазик се во издание на „Либи“, дел до „Арс Ламина – публикации“.

Делата од Роалд Дал можете да ги најдете во сите книжарници на „Литература.мк“ или да ги нарачате онлајн на следниот линк.

Приказната за госпоѓа Тркалезна

За сите деца, над десетгодишна возраст, кои сакаат да читаат плус романи ова лето ги препорачуваме двете книги за госпоѓа Тркалезна од Виржиниа де Кастро и Алмеида.

„Приказната за госпоѓа Тркалезна и нејзината дружина“ се случува за време на Втората светска војна. Загрижените родители од европските земји, за да ги заштитат своите деца, ги испраќаат во неутрална Португалија. Франц, германско момче, и Дик, англиско момче се спријателуваат со едно португалско момче Шико. Децата си играат и влегуваат во борова шума, каде што полека и незабележливо навлегуваат сè подлабоко во еден друг, фантастичен свет, населен со чудесни ликови, летачки змејови, необични роботи и животни кои зборуваат. Таму живее и госпоѓа Тркалезна, која, во придружба на момчињата, пријателката госпоѓа Будалеста и едно девојче по име Зипирити, ќе доживеат низа интересни и несекојдневни случки.

Во „Авантурите на госпоѓа Тркалезна“ следуваат нови авантури и нови посетители во светот на госпоѓа Тркалезна. Еден ден Ирија, Бруно и неговиот коњ Полжав влегуваат во шумата и пристигнуваат до еден необичен и чуден свет, каде што ги запознаваат госпоѓа Тркалезна и другите ликови, кои ни се веќе познати од првата книга како госпоѓа Будалеста, Зипирити, змејот наречен Грозоморен и многу други нови ликови.

Двете книги за госпоѓа Тркалезна можете да ги најдете во сите книжарници на „Литература.мк“ или да ги нарачате онлајн на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.