Реобјавен романот „Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев со корица изработена од неговата внука Искра Димитрова

Познатиот роман „Пустина“ од писателот Ѓорѓи Абаџиев, кој неодамна беше реобјавен во ново руво со специјално дизајнирана корица, во издание на „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовиран онлајн, на 6 јули (вторник), со почеток во 19 часот. За делото на Абаџиев ќе зборува Злата Порчиќ, професорка по компаративна книжевност и македонски јазик во средното училиште „Ѓорѓи Димитров“. Онлајн-разговорот ќе го води Ведран Диздаревиќ, уредник во „Арс Ламина“. Промоцијата ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“.

Романот „Пустина“, кој првично бил публикуван во 1961 година, неодамна беше реобјавен, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, во рамките на едицијата „Македонски книжевни класици“, чијашто цел е реобјавување на класичните дела на македонската книжевност. Своевиден ексклузивитет на новото издание е корицата на книгата, што ја изработи уметницата Искра Димитрова, која е внука на Ѓорѓи Абаџиев.

„Пустина“ е историско-психолошки роман. Дејството се случува за време на историската 1903 година и ни е раскажано преку заробеништвото на двајцата солунски атентатори Арсо и Глигор, веднаш по еден од нивните страшни бомбашки напади. Движејќи се напред-назад низ времето и мислите на карактерите (главно на Арсо), Абаџиев ни го прикажува внатрешниот живот на двајца исклучителни индивидуалци, загубени во коридорите на историјата, должноста и љубовта. Што ако најголемиот грев на еден атентатор е да остане жив? Што понатаму?

Ѓорѓи Абаџиев (07.10.1910, Дојран – 02.08.1963, Скопје) е еден од првите македонски раскажувачи и романсиери, особено истакнат по своите романи и раскази втемелени врз македонската историја. Негови најпознати дела се: „Труд и луѓе“ (уметнички репортажи и раскази, коавторство, 1936), „Изгрев“ (раскази, 1950), „Епопејата на Ножот“ (раскази, 1951), „Последна средба“ (раскази, 1953), „Арамиско гнездо“ (роман, 1954), „Пустина“ (роман, 1961), „Балканските војни и Македонија“ (монографија, 1972). Исто така, тој е еден од сценаристите на филмот „Мис Стон“ (1958). Во 1972 година е објавен избор од неговото творештво во четири тома.

Романот „Пустина“ веќе е достапен во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на интернет-страницата http://www.literatura.mk.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.