Лето со добри книги и уникатни производи од „Литература.мк“

Дочекајте го летото со добра книга и со уникатни брендирани производи од „Литература.мк“!

Во очекување на официјалниот почеток на летото, книжарниците „Литература.мк“ организираат нова продажна акција, што ќе трае од 9 до 20 јуни. Сѐ со цел да им помогне на своите потрошувачи да се подготват за годишните одмори и за летниот распуст, „Литература.мк“ нуди специјални попусти до 70 отсто на голем избор на книги од издавачката куќа „Арс Ламина“, како и на уникатни производи за патување и рекреација од избрани брендови, застапени во книжарниците „Литература.мк“.


Дел од книгите за возрасни што ќе можат да се најдат на попуст се: „Лето како во ’Мама миа‘“ од Ени Робертсон, „Дејзи Џонс енд Д сикс“ од Тејлор Џенкинс Рејд, „Младиот Кастро“ од Џонатан М. Хансен, „Мала книга за хиге“ од Мајк Викинг и многу други.
Со оваа акција „Литература.мк“ сака да ги направи подостапни книгите за деца на почетокот на летниот распуст. Во периодот од 9 до 20 јуни ќе има десет отсто попуст на сите лектири и читанки од едицијата „Лесно читливи лектири“. Со ова ја продолжуваме нашата мисија за поттикнување на читачките навики кај најмладите.
 
За сите љубители на летните авантури и патувања во сопствена режија, во акцијата се вклучени: интерактивни коцки од „V-CUBE“, шишиња за вода од „SIGG“, швајцарски нож од „Victorinox“ и хамок-лежалки од „Ticket to the Moon“.
 
Сите што сакаат да го поминат ова лето со стил, во „Литература.мк“ има селектирана понуда на модерни куфери од „BG Berlin“, уникатни шишиња за вода и кутија за храна од „Baci Milano“, дизајнирани шишиња од „Egan Italy“, како и ладала од „Fridolin“.
 
Оние што планираат да го поминат ова лето во добро друштво и со добра забава можат да изберат некој од производите на „Abysse Corp“ со натписи и илустрации од омилените суперхерои од „Марвел“, но и од анимираниот филм „Замрзнато“ и серијата „Игра на троновите“. За најмладите тука се и производите од „CERDÁ“ со ликовите од „LOL Surprise“, како и тротинетите од „Micro Mobility“.
 

За секоја сметка над 1.500 денари направена во книжарниците „Литература.мк“ ќе следува подарок – торба.




Сите производи се достапни во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. Дел од производите се достапни во преостанатите книжарници на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, во ТЦ „Рамстор“, „Веро центар“, Градски трговски центар (ГТЦ) и ТЦ „Буњаковец“ во Скопје и на „Широк сокак“ во Битола. За онлајн-нарачка на www.literatura.mk важат само попустите на книгите.
Целиот каталог за акцијата може да се погледне на следниот линк.

Ве очекуваме!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.