Четири книги на англиски јазик за принцот на крадците, Арсен Лупен, достапни во книжарниците на „Литература.мк“

Запознајте го Арсен Лупен. Џентлемен и елегантен крадец кој е креација на францускиот писател Морис Леблан. Врз основа на овој лик, стриминг-сервисот „Нетфликс“ реализираше неверојатна крими-серија што доживеа огромен меѓународен успех. А издавачката куќа „Арс Ламина“ неодамна на англиски јазик објави четири книги за авантурите на Лупен.

The extraordinary adventures of Arsène Lupin, gentleman-burglar

Ова е прва збирка раскази на Леблан што раскажува за авантурите на Арсен Лупен и е објавена во 1907 година. Toj е духовит човек полн со доверба – Шерлок Холмс за криминал. Сиромашните и невините немаат од што да се плашат; често тие профитираат од неговата спонтана великодушност. Богатите и моќни како и детективот кој се обидува да му ја расипе забавата, сепак мораат да внимаваат. Тие се мета на пакоста и одмаздата на Арсен.

Arsène Lupin versus Herlok Sholmes

Креацијата на Леблан, крадецот и џентлмен Арсен Лупен, е сè што би очекувале од француски аристократ – духовит, шармантен, брилијантен, итар… а можеби и најголемиот крадец на светот.

Во оваа класична приказна, Лупен се соочува со единствениот човек кој може да го спречи… не помалку од големиот британски џентлмен-детектив Херлок Шолмс! Кој ќе излезе како победник?

Further adventures od Arsène Lupin

Крадецот и џентлмен се враќа во оваа сложена приказна за измама, плен и љубов. Уште еднаш Лупен е на слобода, им го одзема богатството на богатите од под носот. Но, овој пат тој можеби го сретнува својот противник… и не станува збор за неговите вообичаени непријатели, туку паметната студентка која успева да навлезе во неговите тајни. Но, најголема опасност може да биде жената во која се вљубува Лупен, бидејќи го убедува дека ќе се откаже од животот во криминалот…

The confessions of Arsène Lupin

Минати се веќе две недели откако баронесата Репстајн е исчезната од Париз, земајќи со себе цело богатство во накит украдени од нејзиниот сопруг. Француските детективи ја бркаа низ цела Европа, следејќи ја трагата на скапоцени камења, но таа ги избегнува сите нивни напори. Кога Арсен Лупен ќе ја најде, нема да избега толку лесно.

Сите книги можат да се најдат во книжарниците на „Литература.мк“.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.