Literatura.mk Superstore слави прв роденден со подароци за читателите

Книжарниците се срцето на една метропола. Од нив пулсира културниот живот на градот. Значаен двигател на случувањата на културната сцена изминатава година е суперпродавницата на „Литература.мк“, сместена на вториот кат во трговскиот центар „Скопје сити мол“.

На површина од 500 м², со над 20.000 производи и повеќе од 1.000 посетители дневно, веќе една година најголемата кафе-книжарница во Македонија, Literatura.mk Superstore, ги нуди светските книжарски трендови, најдоброто кафе во градот и ја поддржува домашната уметничка сцена.

По повод првиот роденден на Literatura.mk Superstore на 20 мај (четврток) подготвува подароци за своите верни посетители и читатели. На овој ден првите сто потрошувачи ќе добијат брендирани маички, а со секоја сметка ќе бидат доделени букмаркери и книги за деца и возрасни. Дополнително, во кафулето на „Литература.мк“ ќе има намалување од 20 отсто на новото коктел-мени.

На полиците на модерно уредениот книжевен простор понуден е богат избор на книги за сите генерации на неколку јазици, програма за подароци, канцелариска и училишна опрема, играчки и уникатни декорации.

Literatura.mk Superstore за кратко време стана омилено место за нови литературни авантури, место за поттикнување на креативноста, имагинацијата и читателските навики. Изминатава година во просториите на суперпродавницата исто така се одржаа и неколку значајни настани што беа пренесувани онлајн: концерти на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски и групата „Фанк шуи“, како и серијалот „Мини Астро концерти“.

Literatura.mk Superstore е седма книжарница на „Литература.мк“, по веќе препознатливите продажни места на улицата „Македонија“, во ТЦ „Рамстор“, „Веро центар“, Градски трговски центар (ГТЦ) и ТЦ „Буњаковец“ во Скопје и на „Широк сокак“ во Битола.

Cafe Literatura е еден од најзначајните сегменти на суперпродавница на „Литература.мк“, каде што може да се испие добро кафе и да се прочита убава книга. Кафе-барот е архитектонски модерно дизајниран простор, осмислен за релаксација и споделување на убави моменти, опкружен со пријатен амбиент и богат избор на книги и многу други уникатни производи. Во него е застапено едно од најдобрите кафиња – „Кафе Италија“ (Café Italia).

Повелете во суперпродавницата на „Литература.мк“ заедно да го прославиме првиот роденден!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.