Маги зборува за книгата „4 пријатели онлајн!“

„4 пријатели онлајн!“ на Каролина Каприја е интересен роман за четири деца кои се пријатели онлајн и додека се анонимни, но не и на училиште. Токму за впечатоците од оваа возбудлива книга зборуваше Маги во видеото на јутјуб-каналот „Читаме со Марија и Маги“. Романот е наменет за сите модерни момчиња и девојчиња на возраст над девет години и е во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина – публикации“.

Во книгата се појавуваат четири интересни ликови. Еуџенио не е омилена личност во училиштето. Марко е ужасно здодевен. Елизабета е извештачена, од прва категорија. Џанлука е неподнослив мрморко… Во секојдневната реалност, овие четворица не се поднесуваат. А кога се среќаваат, на училиште или на фудбалското игралиште, прават сè за да се избегнат. Сепак, има едно место каде што си помагаат и се советуваат. Место на кое, заштитени со анонимноста, се чувствуваат во совршена синхронија. Интернет. Само кога би знаеле што се крие зад овие прекари…

Погледнете го видеото во кое Маги зборува за „4 пријатели онлајн“, а овој роман е достапен во сите книжарници на „Литература.мк“ или може да се нарача онлајн со достава до дома на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.