Дарко Наумоски, лиценциран предавач на „Основен тренинг за живот“: Со овој систем рекреативците ќе дојдат до сите одговори од светот на фитнесот

Дарко Наумоски е човек кој уште од детството е во светот на спортот поради што е и стручен рецензент на книгата „Основен тренинг за живот“ на меѓународно признаениот фитнес и кондициски тренер, ментор и предавач, Марино Башиќ. Станува збор за издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и во неа на едноставен и разбирлив јазик се образложува систем што е соодветен за секоја возраст, може да се вежба со децении и ги подобрува мобилноста, издржливоста и држењето на телото. Наумоски има дипломирано на Факултетот за физичка култура и дополнително е лиценциран предавач на системот на Башиќ. Со него разговаравме за фитнесот, за „Основен тренинг за живот“ и за тоа колку Македонците се грижат за своето здравје и за физичкиот изглед.

* Можете ли да ни кажете нешто повеќе поврзано со вашиот пат во светот на фитнесот?

Уште од петгодишна возраст сакав да имам атлетски изглед. Тогаш не знаев точно што значи да тренираш, ама знаев дека сакам да бидам активен, па така еден убав долг период му посветив на фудбалот. Најважно од сè ми беше дека одам на тренинг и правам нешто што ме исполнува во текот на денот. Но, како што поминуваше времето, така сфаќав дека тој тренинг не ми е баш доволен, па така на своја рака ги приклучив склековите и вратилото. Почнав редовно да вежбам и уште повеќе се пронајдов во фитнесот, а оттогаш секојдневно го надградувам моето знаење во однос на тренингот и исхраната.

* Како фитнес-тренер и дипломиран професор по физичко образование, вие сте стручен рецензент на книгата „Основен тренинг за живот“ на Марино Башиќ. Можете ли да ги сумирате вашите видувања за оваа книга и зошто е важна да ја прочитаат и тренерите и луѓето кои сакаат да се грижат за своето здравје?

Оваа книга не е намената само за фитнес-тренерите туку и за рекреативци кои сакаат да ја подобрат својата физичка форма. Тренерите со оваа книга ќе го прошират своето знаење, додека рекреативците ќе пронајдат многу одговори од областа на фитнесот.

* На онлајн-промоцијата на книгата, Марино Башиќ спомена дека регионално недостигаат стручни книги наменети за едукација на луѓето кои професионално се занимаваат со фитнес и тренинг. Дали се согласувате со тоа и дали сте мотивирани да ги вметнете вашите знаења во книга?

Би било добро да има повеќе стручни книги, што значи дека се согласувам со Марино дека има недостиг на наша литература во врска со фитнесот. За пишување книга сè уште не сум размислувал, но моето знаење секојдневно го споделувам со другите, без разлика дали тоа се клиенти со кои работам или луѓе кои често ми поставуваат прашања во врска со вежбањето.

* Колку Македонците внимаваат на своето здравје и колку се заинтересирани генерално за системот на Марино Башиќ?

Сè поголема заинтересираност гледам за спорт и за здрав начин на живот и токму тоа ме радува. Можам да кажам дека речиси секој Македонец е на некој начин физички активен, а сето тоа укажува на зголемена свест за нивното здравје, кое е основа на книгата „Основен тренинг за живот“ од Марино Башиќ. Мислам дека по оваа книга ќе биде уште повеќе следен неговиот систем.

Книгата „Основен тренинг за живот“ веќе е достапна во книжарниците на „Литература.мк“, а може и да се нарача онлајн на следниот линк

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.