На роденденот на поетот и академик Гане Тодоровски се навраќаме на неговата стихозбирка „Скопјани“

Поет, преведувач, есеист, литературен критичар и историчар, публицист, сценарист, академски професор, академик и амбасадор. Сите овие улоги се дел од богатата биографија на Гане Тодоровски, кој е роден на денешен ден, 11 мај, 1929 година во Скопје. Во рамките на амбициозната едиција „Македонски книжевни класици“, проект на издавачката куќа „Арс Ламина“, беше објавена и неговата позната стихозбирка „Скопјани“. Делото првпат е објавено во 1981 година, а кое, како што ќе напише самиот автор – претставува „мал колаж од песни и други стихозборја и тивкозборја, игрозборки и зборограпки, сонофатки и досеќавалки, слова, записи, документи, препеви паметења и уште други зборовни итроштини, врзани исклучиво за Скопје и за скопјани“. Новото издание на стихозбирката е дополнето со модернистички илустрации од уметникот Ивица Спасовски.

Гане Тодоровски го оформува своето образование во Скопје, каде што го поминува целиот свој работен век, како професор на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Со книжевна активност почнува да се занимава непосредно по ослободувањето, пишувајќи за весниците „Нова Македонија“, „Пионерски весник“, „Нов ден“ и други. Неговото богато творештво брои над 220 наслови од областите на поезијата, критиката, есеистиката, литературната историја, патописот, литературниот запис, публицистиката, историографијата, културологијата, препевот, антологичарството. Тој припаѓа на носечката поетска генерација писатели што ја афирмираат современата македонска литература во светот. Неговите дела, главно поезија и есеистика, се преведени на многу светски јазици: албански, англиски, бугарски, влашки, грчки, есперанто, кинески, ромски, руски, српски, турски, хрватски, чешки и шведски јазик. Добитник е на најпрестижните книжевни награди во Македонија, меѓу кои: „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Браќа Миладиновци“, „Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Димитар Митрев“, „Ацо Шопов“ и други.

Од 1951 година е член на Друштвото на писателите на Македонија, а притоа во два наврати и негов претседател. Во периодот 1970-71 година е претседател на Советот на манифестацијата Струшки вечери на поезијата. Тој е првиот амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација. Од 1997 година е член на Македонската академија на науките и уметностите. Умира во 2010 година, на 81-годишна возраст.

Во рамките на едицијата „Македонски книжевни класици“ досега се објавени голем број култни македонски дела на кои се темели нашата книжевност и кои добија ново лице со цел да се приближат до новите генерации читатели. Веќе се објавени девет книги од творештвото на Петре М. Андреевски, стихозбирката „Скопјани“ од Гане Тодоровски, „Пасквелија и Нова Пасквелија“ и „Големата вода“ од Живко Чинго, „Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев и „Зора зад аголот“ и „Кратката пролет на Моно Самоников“ од Димитар Солев.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.