Александар Матовски-Цако е поет, борец за права на лица со попреченост и добитник на наградата Европеец на годината

Александар Матовски-Цако е прогласен за Европеец на годината, признание што го доделува Делегацијата на Европската унија. Тој ја доби наградата во категоријата млади и истакнати активисти, а сето тоа е резултат на неговата неуморна работа во полето на човековите права и правата на лицата со попреченост. Цако минатата година ја објави и стихозбирката „Јас сум Цако“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и да се нарача онлајн на следниот линк

Песните на Александар Матовски-Цако се нежни и едноставни. Ги ниже како бисери, за секоја драга личност по една. Запишани се онака како што ги доживува, како лирски слики. Од нив извира чиста емоција од некој што животот го живее со полни гради и чиешто мото е: кога е со љубов, човек ќе постигне повеќе. Токму таа, љубовта, е централна тема во поезијата на Цако. Кон дедо му, семејството, неговиот идол Тоше, жените, природата, животот воопшто. Тие се парчиња од мозаикот што ја сочинуваат синтагмата „Јас сум Цако“. Неговата поезија, како и сѐ она што го прави тој, се вистинска инспирација за лицата со попреченост.

И покрај тоа што е роден со Даунов синдром, Александар Матовски-Цако основното образование го завршил во училиштето „Димо Хаџи Димов“, а средното во текстилното училиште „Кочо Рацин“. Во 2019 година дипломирал на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, на групата предучилишно образование. Тој е член и на здруженијата „Инклузивни решенија КРИК“ и „Трисомија 21“. Цако се има претставено со сопствена презентација на Светската конференција за лица со Даунов синдром во Обединетите нации. Поезија почнал да пишува на осумнаесетгодишна возраст.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.