Издавачката куќа „Арс Ламина“ се приклучи кон акцијата за донација на книги за училишните библиотеки во општина Центар

Издавачката куќа „Арс Ламина“ беше дел од акцијата на општина Центар за донација на книги на македонски и англиски јазик за општинските основни училишта. Повод за оваа донација беше 23 април, Светскиот ден на книгата и авторските права и целта беше збогатување на библиотеките, а со тоа и читањето и љубовта кон книгите кај основците.

– Имајќи ја предвид новонастанатата ситуација предизвикана од глобалната здравствена криза и од вонредните околности што го наметнаа онлајн-учењето и секојдневното користење на дигиталните платформи за комуникација во училиштата, оваа иницијатива претставува позитивен пример за моќта на книгата, како важен аспект за правилен интелектуален и емоционален развој на личноста кај децата – истакна градоначалникот Саша Богдановиќ.

„Арс Ламина“ донираше голем број книги за деца меѓу кои и изданија од наши автори „Игра со именки“, „Игра со глаголи“, „Мариовски сказни – Пејови приказни“, „Преминот не е осветлен“, „Шарам-барам“ и многу други. Секако, не беа изоставени и бестселерите од светот на детската книжевност како „Хари Потер и Каменот на мудроста“, „Мери Попинс“, „Авантурите на Хаклбери Фин“ и голем број други изданија.

– Како општествено-одговорна компанија секогаш со задоволство се вклучуваме во ваков тип на иницијативи. Со оглед дека учениците минуваат исклучително тешка учебна година и сосема веројатно го губат допирот со книгите, дониравме голем број на изданија кои ќе ја разгорат нивната љубов кон литературата – истакна Александра Лукиќ – Камиловска, маркетинг-менаџер во „Арс Ламина“.

Во акцијата се вклучија шест издавачки куќи, книжарници и компании од цела земја и севкупно беа донирани 1000 книги за основните училишта во општина Центар.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.