Да ја сакаме Земјата како што ја сака Дејвид Атенборо

Денеска е Денот на планетата Земја што низ целиот свет се одбележува со едукативни настани и активности за подигање на свеста за климатските промени. Но, дали само 22 април е доволен за да го зачуваме овој наш дом? Годинава, фокусот е ставен на природните процеси, на развојот на зелените технологии и на иновативното размислување што може да ги обнови светските екосистеми. Сепак, еден ден не е доволен, а можеби најдобар начин да се сознаат мистериите, убавините, како и потребата за промени е да се навлезе во богатиот опус на Дејвид Атенборо.

Издавачката куќа „Арс Ламина“ наскоро ќе ја објави на македонски јазик неговата книга „Животот на нашата планета“. Во изданието, тој зборува за кариерата како презентер, филмски продуцент и историчар на природата, но и за изумирањето на дивините и зголемувањето на јаглеродни емисии во истиот период. Атенборо предупредува на последиците од антропогените климатски промени и намалувањето на биодиверзитетот со кои ќе се соочиме во блиска иднина, но истовремено и предлага конкретни промени во нашиот општествен и стопански живот со кои би можеле да ја спречиме претстојната катастрофа. Со тоа, овој вљубеник во природата се фокусира на убавината на планетата на која живееме, но и нуди чекори со кои ќе го зачуваме нашиот дом.

Атенборо е познат и како автор и презентер на документарниот серијал „Живот“ (Life), што го работел заедно со Би-би-си и претставува детален поглед на животинскиот и растителниот свет на Земјата. Тој е единствениот човек кој има добиено награди БАФТА за емисии во црно-бела техника, во колор, во ХД, 3Д и 4K. Додека неговата работа на почетокот повеќе е фокусирана на природниот свет, неговите понатамошни активности се насочени кон поддршка на теми врзани со зачувување на природата. Во 1985 година ја добива високата титула „сер“, а документарниот филм и книгата „Живот на нашата планета“, објавени во 2020 година, се негово сведоштво за неговиот живот и за иднината.

Додека го чекате излегувањето на ова феноменално издание, погледнете некој од документарните филмови на Атенборо и сакајте ја нашата Земја со дела, а не само со зборови.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.