Кралот на хоророт, Стивен Кинг, се враќа на расказите со книгата „Колку покрваво“, која доби македонски превод

Четири досега необјавени долги раскази од човекот кој го носи прекарот „кралот на хоророт“, Стивен Кинг, се најдоа во новата книга „Колку покрваво“, која неодамна беше објавена на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. „Телефонот на господин Хариган“, „Животот на Чак“, „Колку покрваво“ и „Стаорец“ се сместени во ова дело и секој од нив го носи читателот на интригантни и застрашувачки места. Воедно, на македонски јазик се објавени и повеќе книги од Кинг, меѓу кои и „Кери“, „Тркачот“, „Сјаење“, „Доктор Сон“ и комплетот „Зелената милја“.

Книгите на овој автор досега се имаат продадено во 350 милиони копии низ целиот свет, а повеќето негови дела се адаптирани во играни филмови, ТВ-серии и стрипови. Има напишано дури 62 новели од кои седум се под псевдонимот Ричард Бахман, како и пет книги што не влегуваат во жанрот „фикција“. Кинг во богатото портфолио има 200 кратки раскази и повеќето од нив се имаат најдено во различни збирки. Воедно, во текот на својата долга и богатата кариера ги освоил престижните признанија како наградата „Брем Стокер“, Светската награда за фантастика и Британската награда за фантастика.

Книгата „Колку покрваво“ е бестселер на „Њујорк тајмс“, а голем број светски критичари ѝ дадоа позитивни оценки. Така, „Паблишер викли“ посочи: „Овие претходно необјавени новели во колекцијата го претставуваат мајсторот на хоророт во најдобра светлина, користејќи го чудното и невообичаеното да даде свој поглед на смртноста, цената на креативноста и непредвидливите последици од материјалните придобивки“. Додека „Киркус ривјус“ напиша: „Кинг од старите денови: задоволство за неговите многубројни фанови и одлично место да почнете доколку не сте читале ништо од него“.

Интересно е дека по објавувањето на „Колку покрваво“, голем број светски продуценти и режисери се заинтересирани за расказите, па така на десетти јули 2020 година беше објавено дека „Нетфликс“ ги откупил правата за „Телефонот на господин Хариган“. За „Стаорец“ е заинтересиран Бен Стилер, кој сака да го продуцира, режира и да биде главен лик во филмот. Продукциската куќа „Протозоа пикчрс“ на режисерот Дарен Аронофски е заинтересиран за „Животот на Чак“. Додека „Колку покрваво“ можно е да биде откупено од Ејч-би-о.

Пред овие приказни да излезат во телевизиска или филмска верзија прочитајте ги феноменалните раскази на Кинг. Книгата „Колку покрваво“ е достапна во книжарниците на „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.