Убиство на свадба од соништата во „Списокот со гости“ – победнички трилер на изборот на „Гудридс“

Џулс и Вил се пар од соништата. На нивната свадба што се одржува на остров на брегот на Ирска ги канат сите свои најблиски роднини и пријатели. Но, гостите имаат други планови и со себе носат тајни и потиснат гнев. Тензиите растат уште од почетокот. Невреме го погодува островот, а свадбената торта е едвај пресечена кога еден од гостите е најден мртов. Кој е убиецот? И уште поважно, зошто? Одговорот е во книгата „Списокот со гости“ од Луси Фоли, која беше прогласена за најдобар трилер/мистерија за 2020 година на изборот на најпопуларната интернет-страница за книги „Гудридс“ (goodreads.com).

Ова издание веќе е објавено на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и е достапно во книжарниците на „Литература.мк“ или може да се нарача онлајн на следниот линк.

„Списокот со гости“ е бестселер на „Њујорк тајмс“ и доби огромен број позитивни коментари од писателите и од книжевните критичари. „Ги евоцира големите класици на Агата Кристи… Внимавајте на навидум неважните детали за минатото на ликовите. Таму се насоките“, се вели во освртот на „Њујорк тајмс ривју“.

Луси Фоли досега ги има објавено и книгите „Хајка“, „Книга за изгубеното и најдено“ и „Поканата“, но нејзин најголем интерес се токму трилер приказните. Нејзините книги се конципирани со цел напнатоста да расте пополека и сè повеќе да го заинтригира читателот, а воедно вметнува многу мудри и интересни пресврти.

Во продолжение погледнете го видеото каде што авторката Фоли чита извадок од книгата „Списокот со гости“.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.