Мемоарите „Вистините во кои веруваме“ од првата жена потпретседател на САД, Камала Харис, објавени на македонски јазик

Камала Харис го скрши на парчиња „стаклениот плафон“ на американската политичка сцена со тоа што стана прва жена која е потпретседател на Соединетите Американски Држави. Воедно, таа е и прва Афроамериканка и личност со потекло од јужна Азија на таа висока функција со што ги поместува границите и во сферата на расната и половата еднаквост. Нејзината книга „Вистините во кои веруваме“, што воедно е и бестселер на „Њујорк тајмс“, од неодамна е објавена на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за мемоари во кои таа говори за предизвиците со кои се соочувала како дете на имигранти, но и на патот до силен играч на политичката сцена.

Харис е ќерка на имигранти и на борци за човекови права, а растела во Оукленд, Калифорнија. Поднасловот на делото е „Едно американско патување“, што почнува скромно, но ја води кон највисоката позиција што жена ја држела во политичката сфера во САД. Ова е книга за најсуштествените вистини што нè обединуваат и за долгата борба да се сознае кои се тие вистини и како најдобро да се дејствува според нив, прикажани преку личниот живот и низ сите сегменти на животот во САД, на жената која е еден од најинспиративните американски политички лидери.

Мајката на Харис, Шјамала Гопалан Харис, е родена во Индија, додека нејзиниот татко, Доналд Харис, е од Јамајка и e економист и бил професор на универзитетот „Стенфорд“. По нивниот развод, Камала растела со мајка ѝ, истражувач и активистка во борба за граѓански права. Иако уживала и го сознала своето индиско наследство, нејзината мајка ја прифатила афроамериканската култура на Оукленд и во нив ги вовела неа и нејзината помала сестра Маја. Кога Гопалан Харис прифатила работно место како професорка на универзитетот „Мекгил“, семејството се преселило во Канада, каде што и Камала пет години одела на училиште.

Камала со помалата сестра и нејзината мајка

Харис денес посочува дека никогаш немала проблем со својот идентитет и дека едноставно се опишува себеси како „Американка“. Колеџот го завршила во САД – минала четири години на универзитетот „Хауард“, што го опишала како едно од најинформативните искуства во нејзиниот живот. Дипломата по право ја стекнала на универзитетот „Хејстингс“ и ја почнала кариерата во канцеларијата на Окружниот јавен обвинител во градот Аламеда. Потоа станува окружна обвинителка, главен тужител за Сан Франциско, а потоа е избрана за прва жена и воедно е прв Афроамериканец на позицијата главен правобранител на Калифорнија. Во текот на речиси двата мандата минати на ова место, таа стекнува репутација на една од најголемите ѕвезди во демократската партија. Искористувајќи го овој момент за да го придвижи својот избор за помлад американски сенатор од Калифорнија во 2017 година.

Во 2019 година Харис ја поднесе својата кандидатура за претседател на САД, но не успевајќи јасно да ги пренесе своите ставови и да допре до гласачите, Харис се повлекува од трката и станува партнер во кандидатурата на претседателот на САД, Џон Бајден.

Книгата „Вистините во кои веруваме“ е достапна во книжарниците на „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.