Театрологот Јелена Лужина гостуваше во емисијата „Астрорум“

Познатата теоретичарка, критичарка, есеистка, преведувачка и врвен театролог Јелена Лужина беше гостинка во последното издание на емисијата „Астрорум“ која се емитува на ТВ 24.

Лужина е родена во 1950 година во Дубровник. Дипломирала на Универзитетот во Загреб (компаративна книжевност), каде што завршила постдипломски студии по книжевна теорија; докторирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со тезата од областа на театрологијата. Полни четириесет години работела како универзитетски професор и како менаџер во културата. Од 1987 година, по сопствен избор, живее во Македонија. Ги втемелила Институтот за театрологија при ФДУ (1997) и Музејот на Македонскиот народен театар (2013/14).

Успешно ефектуирала дваесетина комплексни научно-истражувачки проекти од областа на театрологијата, од кои повеќе од половина меѓународни. Континуирано/професионално објавува од 1968 година: објавила повеќе од 400 научни/стручни трудови, неколку стотини книжевни и театарски критики и 19 авторски книги (над 6.000 стр.), пишувани на македонски и на хрватски јазик; приредила повеќе од 50 антологии, зборници, хрестоматии, монографии … (приближно 16.000 страници), печатени во Македонија и во Хрватска, на македонски, англиски, хрватски и на италијански јазик.

Интензивно преведува од/на повеќе јазици, најчесто драмски текстови и книжевна проза (превела, досега,  30-тина книги и/или драмски текстови). Членка е на Друштвото на писателите на Македонија, на Друштвото на хрватските писатели и на македонскиот П.Е.Н. Добитничка е на десетина книжевни и преведувачки награди, македонски и хрватски.

Погледнете го целиот разговор со Јелена Лужина:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.