За Први април „летај“ со крилјата на Исидора Мун

Исидора Мун е половина самовила, половина вампир и хероина во серијалот на книги за деца напишан од авторката Хариет Мункастер. Таа ја обожава ноќта, обожава лилјаци и го обожава нејзиното црно балетско фустанче, но исто така го обожава и сонцето, нејзиното волшебно стапче и Розовото зајаче. Исидора е вистински лик излезен од фантазијата на авторката, но воедно таа е и непресушна инспирација за маски за Први април.

Нејзин заштитен знак се крилјата, а секое дете со својот родител можат да се забавуваат во својот дом и сами да ги изработат.

На следните линкови (десно и лево ) можете да преземете целосна шема за тоа како да ги направите крилјата на Исидора.

Во продолжение погледнете ги чекорите што треба да ги минете за на Први април да „летате“ како ова невообичаено девојче.

1. Испечати ја шемата и исечи ги крилјата по непрекинатите линии. Одбери која страна ќе ја декорираш (розовата или црната или, пак, двете).

2. Исечи или залепи ги илустрациите од Исидора Мун како декорација или, пак, нацртај свои слики. Можеш да додадеш и светки. Исидора сака светки!

3. Исечи мали дупки во крилјата (исто така побарај помош од возрасен). Протни ластик низ дупчињата и носи си ги крилјата како Исидора Мун!

Дознај повеќе за Исидора Мун:

Издавачката куќа „Арс Ламина“ досега има објавено 11 изданија од серијалот за Исидора Мун од Хариет Мункастер. „Исидора Мун слави роденден“, „Исидора Мун оди на училиште“, „Исидора Мун оди на балет“, „Исидора Мун оди на кампување“, „Исидора Мун прави зимска магија“, „Исидора Мун запаѓа во неволја“, „Исидора Мун оди на панаѓур“, „Исидора Мун оди на екскурзија“, „Исидора Мун настапува на шоу“, „Исидора Мун оди на одмор“ и „Исидора Мун оди на преспивање“. Во секое издание, таа минува низ нова авантура, нов предизвик и учи нова лекција. Исидора е специјална затоа што е поинаква, но таа се гордее со тоа. Сепак, со родители како нејзините, секојдневието не се движи секогаш според планот.

Сите книги за Исидора Мун можат да се најдат во книжарниците на „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.