Култни дела од Славко Јаневски можат да се купат на продажните места на „Слободен печат“

Романите „Тврдоглави“ и „Депонија“, книги во кои се сместени филмските сценарија „Јазол“, „Деветтиот задгробник“ и „Македонскиот дел од пеколот“ од култниот македонски писател Славко Јаневски, како и новиот стрип „Улица“, кој е инспириран од неговата истоимена повест, веќе можат да се најдат на сите продажни места на дневниот весник „Слободен печат“. Станува збор за дела што беа објавени од Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Лани се одбележаа сто години од раѓањето на Јаневски, кој во текот на шесте децении неуморно творештво, има оставено опус од 15 романи, 11 книги поезија, 6 книги раскази, 8 книги за деца и голем број непубликувани во посебни книги препеви, книжевни и политички есеи и полемики.

Романот „Тврдоглави“ првично е објавен во 1969 година и во него главен наратор е Лозан Перуника, чиешто раскажување е типично за македонското поднебје.

„Депонија“, пак, е промовиран само четириесет дена по смртта на Јаневски со што тој не дочекал да го види отпечатен својот последен роман.

Во „Јазол“ е сместено сценариото напишано од култниот автор за истоимениот филм во режија на Кирил Ценевски. Дејството се одвива во март 1943 година, за време на интернацијата на Евреите од Скопје. Никола е хирург кому му е одземена дозволата и тој ги менува вечерите во кафеана, каде што германски офицери со бугарскиот офицер Симеонов играат руски рулет со пиштол насочен во главата на затвореник. По самоубиството на еден германски мајор, Никола и затвореникот бегаат.

Во оставината на Јаневски, од Фондацијата пронашле едно негово сосема непознато сценарио за долгометражен игран филм – „Деветтиот задгробник“, кое сега е објавено во книга. Станува збор за научно-фантастичен хорор, што е жанровска реткост во нашето сценаристичко творештво.

Во книга е сместено и сценариото за култниот филм „Македонскиот дел од пеколот“, каде што, покрај Јаневски, како коавтор се јавува и хрватскиот режисер Ватрослав Мимица.

Читателите на продажните места на „Слободен печат“ ќе можат да го најдат и стрипот „Улица“ од Матеј Богдановски, кој е инспириран од истоимената повест од Јаневски. „Улица“ е негово прво прозно дело издадено во 1950 година. Дејството се случува на улиците на старо Скопје помеѓу двете светски војни, како фасцинација за едно не толку дамнешно време. Богдановски ја пренесе таа приказна на 120 страници преку визуелниот „јазик“ на стрипот и ја приближува и до поновите генерации.

Фондацијата и понатаму продолжува да објавува дела од овој легендарен домашен автор и да организира ваков тип акции со кои ќе го приближи творештвото на Јаневски до новите генерации.

Сите книги воедно можат да се купат и во книжарниците на „Литература.мк“.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.