„Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски е прогласен за Роман на годината за 2020 година

„Скриени желби, немирни патувања“ на Владимир Јанковски, во издание на „Антолог“, е избран за Роман на годината за 2020 година, во рамките на конкурсот организиран од Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“. Повикот беше распишан лани на 15 декември и траеше заклучно со 15 јануари 2021 година, а пристигна 41 роман. Жири-комисијата што одлучуваше за наградата ја сочинува: писателката Оливера Николова (претседателка и минатогодишна лауреатка), поетот и универзитетски професор Зоран Анчевски, писателката и универзитетска професорка Калина Малеска, писателот Живко Гроздановски и претставничката на Фондацијата „Славко Јаневски“, новинарката Катерина Богоева. Во потесниот круг од 18 романи влегоа и три изданија од издавачката куќа „Арс Ламина“ – „Лазарка“ од Љупчо Петрески, „Тито, мојот претпоследен херој“ од Зоран Спасов-Ѕоф и „Боксерот од Ново маало“ од Владимир Плавевски.

Лазарка“ е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и воедно е еден од двајцата победници на наградата ПЕГАЗ. Лазарка е фиктивен лик создаден од поетесата Силвија Плат и истовремено е метафора за жената која во хетеронормативното општество е омеѓена во „розовото гето“. Лазарка е и Силвија Плат и Дора Карингтон и Ева Браун и сите други женски ликови кои преку алузии и директни цитати упатуваат на силни авторки и уметници, жени кои се бореле да излезат од сенката и од доминацијата на нивните машки партнери, а истовремено да востановат рамноправен поредок во нивните односи.

Тито, мојот претпоследен херој“ од Зоран Спасов-Ѕоф e издание на „Попули“, а авторот посочува дека е исповед од која застанува здивот и се заледува крвта.

– Во една реченица: Тито на својата смртна постела раскажува за сите негови тајни, дилеми, покајанија, љубови… и тоа не на својот биограф Владимир Дедиер, туку на еден млад лекар од Македонија. Се раѓа неверојатна врска што резултира со мали ноќни шокантни и понекогаш контроверзни разговори што младиот Филип ги запишува и ги снима… Секоја ноќ нова тема, нешто како „1001 ноќ“. На крајот, 40 години се чува оваа тајна за да се открие оваа година и да се преточи во неверојатна приказна. Тоа, дефинитивно, е исповед од која застанува здивот и се заледува крвта – вели Спасов.

Боксерот од Ново маало“ од авторот Владимир Плавевски, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ја доби и престижната награда „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2020 година. Во романот е прикажан животот и духот на Ново маало во старото Скопје и уникатната приказна за вистинскиот лик со измислено име, Ангел Тотевски или Шуре Катиљ, кој од уличен тепач станува успешен боксер во клубот „Вардар“ и маалска легенда. Голем дел од книгите на Плавевски гравитираат околу секојдневието во маалото каде што го минал детството, а таков е и случајот со „Боксерот од Ново маало“.

„Лазарка“ од Љупчо Петрески, „Тито, мојот претпоследен херој“ од Зоран Спасов-Ѕоф и „Боксерот од Ново маало“ од Владимир Плавевски можат да се купат во книжарниците на „Литература.мк“ или да се нарачаат на интернет-страницата www.literatura.mk.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.