Андон Дамовски: Лицата со попреченост не се попречени толку од состојбата во која се наоѓаат, колку од општествените околности

Книгата дава широк преглед на влијанието на социјалната политика врз лицата со попреченост, потенцирајќи ги клучните процеси во една конструктивна дискусија. „Лицата со попреченост“ е структурирана е во четири логички заокружени целини и секоја од нив има посебна цел, теоретска разработка и дава свои заклучоци, истакна авторот на ова стручно издание Андон Дамовски на вчерашната онлајн-промоција на „Лицата со попреченост“ на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“. Разговорот го водеше уредникот на книгата Филип Видиновски, а оваа книга веќе може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“, како и да се нарача онлајн на следниот линк.

Андон Дамовски дипломирал на Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, а на Институтот магистрира на насоката социјална политика. Во моментот е докторанд на Институтот за социологија при Филозофскиот факултет на УКИМ. Од 2013 година работи во Установата за вонсемејна социјална заштита, со посебен фокус на подрачјето на организирано живеење за лицата со попреченост.

– Ова е актуелна тема за лица кои имаат што да кажат и треба да се интегрираат. Повеќепати во книгата е спомената фразата дека лицата со попреченост не се попречени толку од состојбата во која се наоѓаат, колку од општествените околности во кои се наоѓаат – посочува Дамовски и додава дека во Македонија изминативе десет години се направени значајни поместувања во оваа сфера, но и додава дека не е пожелно секогаш да се преземаат регулативи од други земји со оглед на тоа што секоја држава има свои специфики што треба да се земат предвид.

Дамовски ја пишувал оваа книга околу три години со цел да биде актуелна, а рецензенти на изданието се универзитетските професори Сунчица Димитријоска и Ристо Петров од Филозофскиот факултет. Вели дека е посветен на научно-истражувачката работа, но кога работел на книгата се потрудил да биде лесно разбирлива за секој читател. „Лицата со попреченост“ е фокусирана на заштитата на лицата со попреченост како еден од најосетливите и најспецифичните елементи на општествено развојната, економската и, пред сѐ, социјалната политика воопшто. Обврска на секоја држава е да го афирмира развојот на заштитата на лицата со попреченост во рамките на модерната, плуралната, социјалната политика, имајќи го предвид лицето со попреченост како поединец, личност со сите свои општи и специфични потреби. Системските решенија мораат да ѝ овозможат на секоја категорија лица со попреченост да ги формира, да ги изрази и да ги реализира своите основни развојни потреби и посебни интереси, да има еднакви можности како и другите луѓе.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.