Бестселерот „За пет години“ е неочекувана, но незаборавна љубовна приказна

„За пет години“ на Ребека Серл се најде на листата бестселери на престижниот медиум „Њујорк тајмс“, а романот неодамна доби и македонски превод во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Оваа книга се занимава со едноставното, но воедно и многу комплицирано прашање: „Каде се гледате себеси за пет години?“

Главниот лик е Дени Коен, млада и амбициозна жена која живее според правилата и точно знае каде се гледа во животот. Но, дали е толку едноставно? Овој роман може да се најде во сите книжарници на „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на следниот линк.

Кога врвната адвокатка Дени ќе ја добие работата од соништата и ќе ја прифати понудата за брак од нејзиното момче, таа заспива знаејќи дека е на вистинскиот пат да го достигне нејзиниот петгодишен план. Но, кога ќе се разбуди, се наоѓа во друг стан, со различен прстен на раката и покрај друг маж. Во заднината се слушаат вестите и таа сфаќа дека е истата вечер, 15 декември, но пет години подоцна, односно во 2025-та. Следниот еден час од нејзиниот живот Дени го поминува пет години во иднината, пред повторно да се разбуди. Иако настојува да го потисне живописниот сон, таа не може да престане да размислува за тоа искуство… „За пет години“ е незаборавна љубовна приказна, но не онаква каква што очекувате.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.