Мајсторите на психолошкиот трилер Грир Хендрикс и Сара Пеканен со нова книга „Не си сама“, која е преведена на македонски јазик

Авторскиот тандем Грир Хендрикс и Сара Пеканен во својата нова книга „Не си сама“ повторно „носат“ неверојатен, неочекуван психолошки трилер, што годинава влезе и во потесниот избор во категоријата „најдобра мистерија и трилер“ на најчитаната интернет-страница за книги „Гудридс“ (goodreads.com). Овој роман сега е преведен и на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и е достапен во книжарниците на „Литература.мк“, а може и да се нарача онлајн на следниот линк. Покрај ова издание од писателската двојка, на нашиот јазик веќе може да се прочита и книгата „Анонимна девојка“.

Шеј Милер сака да најде љубов, но таа ја заобиколува. Сака да биде исполнета, но нејзината работа оди кон ќор-сокак. Сака да припаѓа некаде, но нејзиниот живот станува сè повеќе осамен.

Тогаш Шеј ги сретнува сестрите Мур. Касандра и Џејн живеат гламурозен и совршен живот и секогаш го добиваат она што го сакаат. Кога ќе ја внесат Шеј во нивниот круг на познајници, сè изгледа подобро. Шеј би умрела за тие да ја прифатат, а можеби и ќе мора да го направи тоа…

Во интервјуто што Хендрикс и Пеканен го дадоа за blog.literatura.mk во јули минатата година дадоа и мало објаснување зад главниот лик во „Не си сама“.

‒ Кога почнавме да пишуваме заедно, знаевме дека сакаме да креираме комплексни женски карактери со кои читателите лесно ќе се поврзат. Двете студиравме психологија и сме љубопитни студенти на човечкиот ум. Слушаме многу психолошки поткасти, претплатени сме на „Психологијата денес“ (Psychology Today) и читаме нефикција што вклучува психолози, на пример, „Можеби треба да разговараш со некого“ (Maybe You Should Talk to Someone) на Лори Готлиб и „Добро утро, чудовиште“ (Good Morning, Monster) на Кетрин Гилдинер. Толку многу ја сакаме психологијата што главниот наратор во романот „Анонимна девојка“ е психијатар – истакнаа двете авторки.

Хендрикс и Пеканен продолжуваат да пишуваат, а дел од нивните дела се веќе во подготовка да се екранизираат.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.