„Задоцнетиот живот на Ејми Бајлер“, бестселер на „Вашингтон пост“ и на листите на „Амазон“, достапна и на македонски јазик

Бестселер на реномираниот весник „Вашингтон пост“ и на листите на „Амазон“, како и финалист за наградите на една од светски најпознатите интернет-страници за книги „Гудридс“ (goodreads.com). Сето ова е дел од богатото портфолио зад книгата „Задоцнетиот живот на Ејми Бајлер“ од авторката Кели Хармс, која е достапна и на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Романот веќе можете да го најдете во сите книжарници на „Литература.мк“ или да се нарача на следниот линк.

„Книга што ќе ве насмее на цел глас и ќе ги предизвика читателите да навиваат за оваа неверојатна и целосно интересна хероина со која ќе се поврзете. ’Задоцнетиот живот на Ејми Бајлер‘ е совршено бегство и ќе ги натера мајките од секаде да се прашаат дали е време да земат мал одмор“, пишува „Њујорк џурнал оф букс“ (New York Journal of Books).

Преоптоварена и потценета, на самохраната мајка Ејми Бајлер ѝ треба пауза. Па, кога ќе се појави нејзиниот сопруг кој ја напуштил и со чувство на вина ќе се понуди да се погрижи за децата во текот на летото, таа ја прифаќа неговата понуда и од руралната Пенсилванија заминува за Њујорк. Вообичаено приземна и со добри манири, Ејми конечно се отпушта во градот што никогаш не спие.

Таа открива живот исполнет со култура, софистицираност и со мала поддршка од пријателите – со неколку состаноци на слепо. Кога еден човек ќе предизвика срцето на Ејми забрзано да чука, таа ризикува комплетно да се изгуби во непланираното бегство. Како што летото се движи кон крајот, Ејми сфаќа дека треба да донесе невозможна одлука: да остане во ова возбудливо ново поглавје од нејзиниот живoт или да се врати на животот што го оставила зад себе.

Кели Хармс е автор, мајка и сонувач. Живее во Висконсин, а претходно во Њујорк. Има работено со многу наградувани писатели додека била уредник во „Харпер Колинс“, а потоа и книжевен агент во издавачката куќа „Џејн Ротросен“.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.