„Арс Ламина“ со три изданија за младата детективка Агата Одли

„Агата Одли и тајниот клуч“, „Агата Одли: Убиство во музејот“ и „Агата Одли: Сребрената змија“ се три изданија од популарниот серијал за младата детективка кои неодамна беа издадени од „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и може да се најдат во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на веб-страницата www.literatura.mk. Интересот на ова девојче е да разрешува мистерии како и нејзиниот херој, Херкул Поаро и сето тоа го прави со помош на својата логика и на нејзиниот пријател кој, пак, е исклучително добар во користењето на компјутерите. Агата секој момент од своето слободно време го користи за да најде случаи за разрешување и се надева дека сиот овој труд ќе ја однесе до одговорот на тоа што се има случено со нејзината мајка.

Агата Одли: Тајниот клуч

Агата е детективка откако знае за себе – само го чека првиот голем случај за решавање. А нема ништо поголемо од тоа да се спаси градот Лондон од некои чудни случувања. Со живеалиште среде Хајд Парк, соба полна со омилените детективски романи и таен клуч што ù овозможува пристап до еден цел скришен дел на Лондон, Агата е совршено подготвена да ја реши оваа мистерија. Но, кому да верува, кога никој не е онаков како што изгледа?

Агата Одли: Убиство во музејот

Агата тукушто наиде на нејзиниот следен голем случај… убиство во Британскиот музеј. Но, како што таа почнува со копање под површината, така кај неа се јавува сомневање дека се подготвува поширок заговор во подрачјето под Лондон – заговор во кој се вклучени една напуштена метро-станица, голем огномет и пет илјади тони златни прачки. За среќа, Агата ги следи трагите …

Агата Одли: Сребрената змија

Агата е повторно во авантура за решавање на уште еден случај! Кога еден асистент во Националната галерија исчезнува, Агата започнува истрага и притоа открива многу поголем заговор одошто може да се замисли. Придружете ѝ се во истрагата додека Агата се движи низ Лондон и оди директно во центарот на мистеријата …

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.