Целта на книгата „Јас и аутизмот“ е дека никој не заслужува да е дискриминиран за она што е

Борбата на родителите на деца со аутизам е како борбата на Сизиф. Очекуваш и се надеваш дека ќе има промена, но тоа не е секогаш така и секој ден почнува одново, вели авторката м-р Аниса Ејуп Беќировиќ-Трпчевска чија книга „Јас и аутизмот“ беше промовирана вчера на фејсбук-страницата на Литература.мк. Станува збор за дело кое е во издание е „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и е достапно да се купи во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн преку страницата www.literatura.mk.
 
Поднасловот на ова издание е „Водич за преживување за родители на деца со аутизам и посебни потреби“ во кое и самата Беќировиќ-Трпчевска посочува дека целта на ова дело е да покаже дека секое семејство може да биде среќно и не треба да бидеш дел од проблемот туку дел од решението.

Онлајн-промоцијата ја водеше уредникот на изданието Филип Видиновски. Беќировиќ-Трпчевска е дипломиран професор по македонски јазик и книжевност, магистер по човечки ресурси, а по раѓањето на нејзиниот син кој е со аутизам се доквалификувала и во сферата на дефектологијата.
 
– Многу од родителите на деца со аутизам, особено во овој тежок период кој го живееме, имаат потреба од некој показател за сите да го најдат своето место под сонцето. Аутизмот, како релативно нов термин во медицинската дијагностика, терминологија и во сите други сфери, раѓа и страв од непознато. Крајниот резултат кај овие семејства е да не живеат на маргините на општеството – истакна Беќировиќ-Трпчевска.
 
Оваа книга е лична заложба на авторката кон овој проблем како и личен тестамент и аманет кон сите останати деца во иднина, да им се дадат права на овие лица како и на секој друг. Таа вели дека во моментов се обидува да биде и адвокат и борец за човекови права со цел да придонесе кон подобар статус на лицата со аутизам.
 
Целата онлајн-промоција на „Јас и аутизмот“ може ја се погледне на овој линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.