14 предлози за книги за 14 февруари, Денот на вљубените

Сè што ни треба е љубов… и добра книга. А, за убаво минат Ден на вљубените, 14 февруари, е потребно само тоа. Ви препорачуваме листа на изданија што ќе ве поттикнат повторно да се вљубите, да ја вратите вербата во љубовта или да ја зајакнете љубовта која веќе ја имате.

1. „Има ли уште секс во градот?“ – Кендас Бушнел

Дваесет години по објавувањето на светски популарниот бестселер „Сексот и градот“, Бушнел малку го преобликува пејзажот – животот не се случува исклучиво на Менхетн. Совршено приспособила сè на приказната за луѓето кои ја поминале педесеттата година од животот, но кои и понатаму излегуваат, се забавуваат, лудуваат…

2. „Најубавите љубовни писма на сите времиња“ – група автори

Прочитајте ги похотните воздишки, развигорените чувства и срцевите изблици на историски познати личности, тргнувајќи од скокотливиот Волтер, мистериозниот Бетовен, па правдољубивата Мери Волстонкрафт и актерката Жулиет Друе, но и многу други.

3. „Париз не ве остава“ – Елен Фелдман

Како комбинација од животот во окупираниот Париз и во Њујорк од педесеттите години, книгата „Париз не ве остава“ од писателката Елен Фелдман е неверојатна приказна за издржливоста, љубовта и невозможните одлуки, и проникнува во тоа дека опстанокот никогаш не се случува без одредена цена.

4. „Заеднички стан“ – Бет О’Лири

Главните ликови во „Заеднички стан“ се Тифи и Леон кои делат стан, но никогаш не се сретнале. На Тифи Мур ѝ треба евтин стан, и тоа итно. Леон Туми работи ноќе и му требаат пари. Нивните пријатели мислат дека се луди, но тоа е совршено решение: Леон живее во станот со еден кревет додека Тифи работи преку ден, а таа го има станот во преостанатото време. Со опсесивни поранешни партнери, со комплицирани клиенти на работа, со погрешно обвинет брат и, секако, фактот дека сè уште не се сретнале, тие откриваат дека ако сакаш совршен дом, треба да го фрлиш правилникот низ прозорец.

5. „Скоро Парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ – Јана Мишо

„Скоро парижанка“ од македонската авторка Јана Мишо е приказна за девојка во бајковита љубовна врска со Париз, живее совршено уреден живот во нејзиниот стан на Гар ду Нор, со прекрасна работа и со многу кафе. Сепак, едно истурено кафе, една загубена работа и една мала поплава подоцна, ù се чини дека Париз не е секогаш најдобрата идеја – особено што секоја пригода ја користи за да се подбива со хероината. Додека „Анаис од Монмартр“ говори за Анаис Мишел која со куфер во едната рака и транспортер за мачки во другата доаѓа во Париз со амбиција да ја пронајде личноста што еднаш ја напуштила – себеси.

6. „Еднаш засекогаш“ – Сара Десен

Луна знае многу за венчавките – но малку за љубовта. Откако минала многу лета работејќи за мајка ѝ, која се занимава со организирање венчавки, Луна видела секаков тип венчавки: од неформални, на плажа, до елегантни, во огромни историски куќи. Се соочила со разни кризни ситуации: невести кои избегале, деверици кои сакале да бидат во центарот на вниманието, младоженци кои сакале сè да биде по нивно. И го видела исходот од секоја совршена венчавка. Можеби затоа Луна е толку цинична кога се работи за среќни краеви, особено поради тоа што нејзината идилична прва љубовна приказна завршува трагично.

7. „Дневникот на Бриџит Џонс“, „На работ на разумот“, „Луда по него“, „Бебето на Бриџит Џонс“ – Хелен Филдинг

По хит-филмовите со Рене Зелвигер, Хју Грант и Колин Флирт речиси сите слушнаа за хероината Бриџит Џонс која е непоправлив оптимист кога станува збор за потрагата по вистинската љубов. Трите дела „Дневникот на Бриџит Џонс“, „Бриџит Џонс: На работ на разумот“, „Бриџит Џонс: Луда по него“ и „Бебето на Бриџит Џонс“ од писателката Хелен Филдинг се совршениот избор за Денот на вљубените.

8. „Јас сум Миа (Јас сум Миа #1)“ и „Миа во Амстердам (Јас сум Миа #2) “ – Јана Мишо

Овие две дела се вистински осврт на тинејџерската љубов која е дури и посилна, полуда од онаа на возрасните. „Јас сум Миа“ е приказната за љубовта кон младата Миа и нејзината симпатија Стефан додека „Миа во Амстердам“ е за патувањето на Миа во овој град, едно недоразбирање и еден симпатичен музичар.

9. „П.С. Ми се допаѓаш“ – Кејси Вест

Дејството во „П.С. Ми се допаѓаш“ почнува кога скитајќи со мислите на часот по хемија, Лили ќе начкраба неколку стихови од нејзината омилена песна на клупата. Следниот ден открива дека некој ги продолжил стиховите на клупата и допишал порака за неа. Интригантно!

10. „Список за душа“ – Кејси Вест

Летниот распуст на 17-годишната Аби Тарнер не се одвива според нејзините планови. Таа чувствува нескриена наклонетост кон нејзиниот најдобар другар Купер. Исто така, не може да се справи со растечката анксиозност на мајка си. Згора на тоа, ја одбиваат да учествува на уметничка изложба затоа што нејзините слики „немаат душа“. Па, кога добива нова шанса да го претстави своето ликовно творештво, се чини дека Аби ќе ја пропушти и таа можност…

11. „Отчукувања“ – Франсеск Мирајлес и Хавиер Руескас

Добрата страна? Добра е и има нов мобилен, па конечно може да зборува со сите преку „Хартбитс“ (HeartBits). Лошата страна?! Не се сеќава на трите дена што и претходат на несреќата. Што ли се случило за време на тие денови? Кој ли е тој Феникс кој не престанува да ù пишува пораки? И зошто секогаш кога Елија ќе помисли на она што можела да го заборави… чувствува дека ѝ недостига воздух.

12. „Те чекам“ и „Биди со мене“ – Џенифер Л. Арментраут

Во „Те чекам“, една случка го урива светот на 19-годишната Ејвори Морганстен и таа бега од фамилијата, од нејзиното минато и најпосле од себеси. Таа се надева дека работите ќе останат такви какви што се, но судбината – и неверојатно згодниот синоок Камерон – не мислат така. Наеднаш, Камерон е насекаде околу неа. Ејвори е претпазлива, но на упорниот и шармантен Камерон не му треба многу за да ѝ влезе под кожа.

„Биди со мене“ е приказна за тоа дали Тереза и Џејс имаат шанса да бидат заедно, или животот има друг план? Тереза е вљубена во најдобриот другар на брат ѝ, но тој не зборува со неа откако се бакнаа – еден неверојатен бакнеж што ти го менува животот засекогаш. Потоа, таа излезе од една ужасна врска. А сега, повредата со која се здоби може да стави крај на нејзината кариера како танчарка. Време е за план Б: колеџ!

11. „Гордост и предрасуда“ – Џејн Остин

Приказната го следи животот на главниот карактер Елизабет Бенет, која се соочува со прашањето на манирите, воспитувањето, моралот, етиката, образованието и бракот во англиското општество на крајот на 19 век. „Гордост и предрасуда“ сè уште е интересна за модерните читатели и се наоѓа на врвот на листите за најчитани книги.

13. „За два дена рече, да“ – Душко Трифуновски

Софи нервозно го погледнува часовникот за да види колку доцни на првиот работен ден во винарницата „Супвин“, но часовникот е застанат. Погледнува зад неа и гледа дека ’пајак‘ ѝ го крева автомобилот поради лошото паркирање. Проклетство! Ништо во животот не ѝ оди како што треба. Тешко ли е една страсна душа да се вљуби? Колку е потребно за љубов?…

14. „Сплеткарот Купидон“ – Џино Ардито

Понекогаш дури и на Купидон му треба малку помош… Виви Максвел ја води агенцијата „Купидон по порачка“ во Њујорк, која нуди уникатен сервис за изнајмување придружници. Кога богатата и згодна клиентка Ева Федерстон ќе им се обрати за да ù најдат придружник за зимската сезона во Менхетен, таа фрла око на најдобриот пријател на Виви, Себастијан Лоренс, познат како Бас.

Сите книги се изданија на издавачката куќа Арс Ламина и може да се најдат во книжарниците „Литература.мк“ и да се нарачаат на веб-страницата www.literatura.mk.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.