Попусти до 70 отсто во книжарницата „Литература.мк“ во трговскиот центар „Рамстор“

Голем број бестселери како и книги за деца и млади од денеска до 12 февруари ќе може да се купат на попуст до 70 отсто во книжарницата „Литература.мк“ лоцирана во трговскиот центар „Рамстор“. Инспиративниот прирачник „Книга за телото“ од холивудската актерка Камерон Дијаз, „Астрофизика за луѓе кои немаат време“ од популарниот научник Нил Деграс Тајсон, „Јас сум Миа“ од македонската писателка Јана Мишо, „Машини како мене и луѓе како вас“ од Ијуан Мекјуан се само дел од изданијата што може да се најдат по намалени цени. Попустите се дел од големиот „Гараж сејл“ (Garage Sale), кој веќе традиционално се одржува во „Рамстор“, како и во книжарницата на „Литература.мк“ каде ќе може да се најдат повеќе хит-изданија за различна возраст.

Меѓу делата за возрасни се и „Претседателот исчезна“ од Бил Клинтон и Џејмс Патерсон, „Соба со поглед“ од Едвард Морган Фостер, „10 прашања за кои науката нема одговор (сè уште)“ од Мајкл Ханлон се само дел од изданијата на „Арс Ламина“ што може да се најдат на попуст во книжарницата „Литература.мк“ во ТЦ „Рамстор“.

Во селекција на книги за деца и млади намалувањето важи за дел од изданијата од серијалот „Исидора Мун“, „Будимир и ретките животни“ од Зоран Пеневски, „Брзосплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“ од Катерина Трајановска, „Совршена дремка“ од Пато Мена, „Приказна за доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг како и за многу други изданија.

Посетете ја книжарницата „Литература.мк“ во ТЦ „Рамстор“ и збогатете ја вашата библиотека со ексклузивни и интересни изданија по намалени цени!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.