Онлајн-промоција на сликовницата „Денеска ти нема да играш“ насочена кон булингот

Сликовницата „Денеска ти нема да играш“ од шпанската авторка Пилар Серано која е насочена кон исклучителна важна тема, односно булингот меѓу учениците, ќе биде промовирана онлајн на 4 февруари (четврток) во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“.
 
Станува збор за сликовница во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ која е веќе достапна во сите книжарници „Литература.мк“ како и за онлајн-нарачка на www.literatura.mk

Модератор на онлајн-промоцијата ќе биде уредничката во „Арс Ламина“, Татјана Димовска – Атанасова, додека соговорник ќе биде психологот Христина Стефановска која ќе даде поширока димензија и конкретни совети врзани со булингот кај децата и учениците што сè повеќе зема замав како во светски рамки, така и кај нас.
 
„Денеска ти нема да играш“ е приказна за Ана и за нејзините другарчиња од одделението кои се жртви на булинг. Порано одењето на училиште им било забавно, но полека прераснало во кошмар, откако Ема станала дел во класот. Таа е злобна и им заповедува на сите, но особено Ана е главната мета на сите нејзини напади. Ана почнува да се чувствува лошо, има намален апетит и станува сè потивка.
 
Авторката Серано има работено како учителка и во ова нејзино дело раскажува приказна за тимската работа и за храброста врз основа на нејзините лични искуства со учениците.
 
Приказната во „Денеска ти нема да играш“ освен што обработува мошне актуелна тема, таа нуди и алатка за справување со булингот кај учениците.

One thought on “Онлајн-промоција на сликовницата „Денеска ти нема да играш“ насочена кон булингот

  1. Прекрасна презентација …излагањето на психологот беше концизно, јасно, применливо за нас стручните лица, а мислам дека и за родителите во насока на препознавање на однесувањето кај деца кои се соочени со булинг…
    Браво!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.