„Драг Едвард“ која според „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“ е една од најдобрите книги во 2020 година, доби и македонски превод

Книгата „Драг Едвард“ од Ен Наполитано влезе и во потесниот избор во категоријата „фикција“ на изборот за најдобри дела во 2020 година на една од најпознатите светски веб-страници за книги „Гудридс“ (goodreads.com). Ова дело, брзо по излегувањето, стана бестселер на „Њујорк тајмс“, а на почетокот на годинава доби и превод на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и веќе е достапно во книжарниците „Литература.мк“ и да се нарача онлајн на www.literatura.mk

Ен Наполитано досега има објавено и две други новели, а со години работела како заменик-уредник на литературниот магазин „Една приказна“ (One story). „Драг Едвард“ првично била објавена во САД и во Обединетото Кралство, но делото сега има 26 интернационални издавачи и влезе на листата на најдобри книги за 2020 година од „Вашингтон пост“, „Лајбрери Ридс“, „Парејд“ и „Амазон“.

Едно летно утро, дванаесетгодишниот Едвард Адлер, заедно со брат му, родителите и уште 183 патници на летот од Њуарк до Лос Анџелес. Меѓу нив е и еден финансиски вундеркинд активен на Волстрит, млада дама која се соочува со несакана бременост, ранет авганистански ветеран, бизнис-тајкун и слободоумна жена која бега од својот маж. И тогаш – се урива авионот. Едвард е единствениот преживеан. Случајот на Едвард го привлекува вниманието на јавноста, но нему му е тешко да се соочи со загубата на семејството. Непрестајно чувствува дека душевниот мир го изгубил на оној судбоносен лет и дека неговата судбина засекогаш е врзана со авионот и со преостанатите патници…

Фокусот во „Драг Едвард“ е ставен на внатрешниот живот на главниот протагонист и е повеќедимензионален портрет на незаборавна група ликови и трогателна илустрација на различните начини на кои може да закрепне едно скршено срце.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.