Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

„Автобиографијата“ на Марко Цепенков, која првпат е адаптирана на современ македонски јазик, ќе биде промовирана на 29 декември (вторник) во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Токму на 29 декември се одбележуваат 100 години од смртта на Цепенков, нашиот најистакнат собирач на народни умотворби и еден од првите прозаисти и раскажувачи во македонската книжевна историја.

Својата „Автобиографија“ Цепенков ја пишува во 1896 година за да одговори на прашањето како станал собирач на народни умотворби. Но, ова осовременето издание има цел да го приближи текстот до најмладата публика и да им даде шанса да се запознаат со делата на Марко Цепенков уште во училишните клупи. Марко Цепенков речиси целиот свој живот го посветил на собирање народни приказни, песни и други фолклорни форми и неговата важност за македонската книжевност е непроценлива. Неговото богато творештво со објавени и необјавени дела го сочинуваат повеќе од 5500 поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, верувања и клетви, баења, соништа и нивни толкувања, детски игри, речници, описи на занаети итн.

Во ова издание на „Автобиографијата“ на Цепенков направени се неколку адаптации од оригиналниот текст: неговиот прилепски говор е осовременет, според правилата на стандардниот литературен јазик, а текстот е поделен на поглавја за да се олесни процесот на читање. Изданието содржи и поговор од проф. д-р Наташа Аврамовска од Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Модератор на онлајн-настанот ќе биде уредникот на изданието Ведран Диздаревиќ, додека осврт на делото и на опусот на Цепенков ќе даде Славица Србиновска, професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Изданието е објавено од издавачката куќа „Арс Ламина“, како дел од едицијата “Читанки“, и веќе може да се најде во сите книжарници „Литаратура.мк“, како и да се нарача онлајн на www.literatura.mk.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.