Блогот literatura.mk прогласен за најдобар на изборот „Сајт на годината 2020“

На изборот „Сајт на годината 2020“, blog.literatura.mk беше прогласен за најдобар во категоријата на домашни блогови. Специјализираното катче за љубителите на пишаниот збор постојано се „освежува“ со нови информации од книжевниот свет и веќе шест години ја шири мисијата за читање книги.

Организатор на изборот е македонската дигитална маркетинг агенција „Медија солушнс“ (Media Solutions) и од вкупно 533 номинирани сајтови прогласи по три победници во 18 категории. Станува збор за проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет-медиумите и севкупното интернет-издаваштво во нашата земја, а беше организиран со поддршка од Министерството за култура. Прогласувањето на победниците за 2020 година беше проследено од голем број гледачи преку онлајн стриминг платформи достапни на sajtnagodinata.mk и на фејсбук-профилите на организаторот „Медија солушнс“.

Во 2016, 2017 и 2019 година blog.literatura.mk се најде на второто место на овој избор, во 2014 на третата позиција, а во 2018 и оваа 2020 година е победник во категоријата. Зад подготовката на содржините во оваа литературно интернет-катче стои тим на новинари, книжевни уредници и дизајнери.

Листата на сите победници може да се погледне и на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.