Фондацијата „Славко Јаневски“ го распишува конкурсот за „Роман на годината“

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распишува годинешниот конкурс за наградата „Роман на годината“ кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2021 година.

Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2020 година. Заедно со пријавата на конкурсот, кандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во читалницата „Славко Јаневски“ во Скопје (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 23/1-1) или по пошта на адреса на Фондацијата, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ 19/6-40, Скопје).

Доколку бидат испратени по препорачана пошта, ќе бидат прифатени оние романи коишто благовремено ќе бидат доставени со дата на печатот заклучно со 15 јануари 2021 година. Пожелно е и доставување на романи во електронска верзија на адресата: romannagodinata@gmail.com

Наградата „Роман на годината“ се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Одлуката за добитникот на наградата петчлената жири-комисија е обврзана да ја донесе најдоцна до 15 март 2021 година, а следниот работен ден да ја објави на прес-конференција. Наградата „Роман на годината“ која беше заштитен знак на згаснатиот „Утрински весник“, ќе биде доделена по 22 пат.

„Песот со тажен поглед“ на писателката Оливера Николова е лауреатот на „Роман на годината“ за 2019 година, а Николова е и првата од досегашните добитници која оваа награда ја доби по вторпат, по наградата за романот „Куклите на Росица“ објавен во 2004 година.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.