Почина мајсторот на трилерот Џон ле Каре чиј роман „Наследството на шпионите“ е преведен на македонски јазик

Почина авторот Џон ле Каре кој е познат по книгите како „„Скитник, кројач, војник, шпион“ („Tinker tailor soldier spy“) според која беше направен филм што беше номиниран за „Оскар“ во неколку категории, како и „Наследството на шпионите“ издадена на македонски јазик од „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Култниот писател Стивен Кинг, за овој тажен настан, испрати и порака во која вели: „Оваа ужасна година зема и литературен гигант и хуманистички дух“. Книгата „Наследството на шпионите“ може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на www.literatura.mk

Шест децении, Џон ле Каре доминираше на листата на бестселери и страниците за критики со монументалниот опус. Неговиот драматичен пробив на глобалната сцена почна со публикацијата на неговата трета новела во 1963 година, „Шпионот кој дојде од студот“ („The spy who came in from the cold“) и јавното откритие на неговиот таен живот работејќи со британската разузнавачка служба. Посветувајќи го својот живот на пишување, тој ја дефинира ерата на Студената војна со помош на неговиот лик, Џорџ Смајли и со неговите комплексни заплети, стави силна светлина кон неправдите во нашиот свет – се вели во објавата од неговиот литературен агент.

Приказната во трилерот „Наследството на шпионите“ е насочена кон Питер Гилам, лојален колега и ученик на Џорџ Смајли од британската тајна служба, позната како „Циркусот“, кој е пензионер и живее на семејната фарма на јужниот брег на Бретања, кога добива писмо од неговата стара служба што го повикува во Лондон. Причината? Неговото минато од Студената војна се врати и сега си го наплаќа долгот. Разузнавачките операции кои некогаш биле популарни во тајниот живот на Лондон, сега се испитувани од генерација која не се ни сеќава на Студената војна. Некој мора да плати за невината крв пролеана во име на поголемото добро.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.