„Мир-Божица-Ејрене“ е една од малкуте сочувани комедии на Аристофан која „дише“ со современост

Грчкиот драматург Аристофан напишал 44 комедии, но само 11 се зачувани, меѓу кои и „Мир-Божица – Ејрене“, која неодамна беше објавена од „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Преводот од старогрчки јазик е на пензионираната универзитетска професорка Елена Колева и делото веќе може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на интернет-страницата www.literatura.mk.

Колева во 1974 година е избрана за лектор по старогрчки јазик на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје, а во 1984 година станува предавач по предметот Античка книжевност. Во 1992 година, по одбраната на докторатот, е унапредена во доцент, две години подоцна станува вонреден, а во 2000 година редовен професор по истиот предмет.

Според нововековните теоретичари, естетичари и поетолози, Аристофан е извонреден, современ поет, особено со „досегот на апсолутна слобода на духот“. Филозофот Хегел вели: „Аристофан најсилно посакува на шеговит, воедно и најзадлабочен начин, да ги изложи на потсмев своите сограѓани, заплеткани во демократски улавштини, да ги исмее тие ретори и државници и да ја изложи на потсмев бесмисленоста на војната и, пред сè, немилосрдно да ја исмее новата насока на трагедијата што ја воведува Еврипид“. Овој автор честопати си игра со познати херои и реални личности, сместувајќи ги во комични, фантазмагорични ситуации. И покрај историскиот момент, комедиите на Аристофан пулсираат со современост и универзалност – светот се менува, но „комедијата нема крај“!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.