Извадок од книгата за деца „Биди среќна ѕвездичка“ од Радмила Костова-Мила

Биди крал или кралица на сопствениот живот

Виктор и Леона биле на далечно патување и еден ден се нашле во една шума во која виделе една лисица која изгледала целосно здрава, но не се поместувала од местото. Се чуделе како таа наоѓа храна и како преживува.

По извесно време забележале дека кон лисицата се приближува некој лав, а на нивно огромно изненадување, големиот лав дошол со парче месо во устата, го спуштил пред лисицата и таа го изела месото.

Виктор и Леона не можеле да им поверуваат на своите очи.

Помислиле:

– Ако може лисицата ништо да не работи и само да седи и да чека некој да ù донесе храна тогаш можеме и ние.

Иако мајка им ги разубедувала дека тоа е погрешно, ги оставила сами да одлучат. Па така, тие решиле дека веќе нема да работат ништо и нема веќе да учат. Само ќе седат во шумата и ќе чекаат. Мајка им се скрила зад нив и ги чувала без тие да знаат заедно со чуварот на шумата.

Oстаналe во шумата и чекалe. Седеле така цел ден, но набрзо огладнеле. По извесно време не можеле веќе да издржат гладни. Мајка им ги видела и им пришла, а и ги прашала:

– Дали сè уште сакате само да седите и ништо да не правите?

Децата одговориле:

– Те молиме, помогни ни. Сакавме да бидеме како лисицата ама не можеме веќе.

Мајката ги погледнала милно своите деца и им рекла:

– Зошто вие наместо да изберете да бидете дарежлив лав кој јаде кога сака и што сака, вие избравте да бидете како мрзливата лисица која зависи од другите?

– Затоа што мислевме дека така ќе ни биде полесно, но увидовме дека е полесно кога си самостоен и не си зависен од никого.

Поука

Можеш да се однесуваш како вистински крал на животните, како вистински лав и да им помагаш и на другите на кои вистински им треба помош, но можеш да бидеш и мрзлива лисица, која ќе чека да ù помогнат.

Прашања

Дали сакаш да бидеш како лавот или како лисицата?

Што е тоа што можеш да го направиш денеска сам/сама, без да зависиш од некој друг?

Извадок од книгата за деца „Биди среќна ѕвездичка“ на Радмила Костова-Мила. Делото е составено од 11 приказни и по секоја има поука и прашања. Илустрирана книга е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.