Книгата „Приказната за Десперо“, од наградуваната авторка Дикамило, раскажува за едно храбро глувче

Кејт Дикамило е позната како американска писателка на детска фикција и е една од шесте автори кои добиле два медала „Њубери“ за романите „Приказната за Десперо“ и „Флора и Улис“. Таа воедно била и американски амбасадор за литература за млади назначена од Конгресната библиотека во 2014/2015 година.

Нејзиното дело, „Флора и Улис: Возбудливи авантури“ веќе е издадено од „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а неодамна беше објавена и „Приказната за Десперо“. Делата може да се најдат во книжарниците „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на www.literatura.mk.

Во „Приказната за Десперо“ се зборува за мало глувче со големи уши кое ќе ја земе судбината во своите раце. Тој копнее по свет исполнет со светлина, а тука е и едно осамено девојче со едноставна, но неверојатна желба. Престижниот весник „Њујорк тајмс“ ја оцени оваа книга како едно „извонредно, бравурозно остварување“.

Книгата е адаптирана и во анимирана верзија, каде гласот на глувчето Десперо го позајмува Метју Бродерик, додека се појавуваат и холивудски актери како Дастин Хофман и Ема Вотсон.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.