Бет О’Лири: Бестселерот „Заеднички стан“ го напишав во воз

Бестселерот „Заеднички стан“ на авторката Бет О’Лири неодамна беше преведен на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за дебитантски роман на британската писателка, што се искачи на листата на најпродавани книги на „Сандеј тајмс“, а сега може да се најде во книжарниците „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на www.literatura.mk

Писателката Бет О’Лири вели дека отсекогаш се чувствувала убаво и природно додека пишувала, па така нејзиното успешно дело „Заеднички стан“ е создадено во воз додека одела и се враќала од работното место во издавачка куќа за детска литература. Слушала музика и ја кроела приказната на што посветила шест месеци, а потоа уште шест месеци сама ја уредувала и коригирала сопствената книга. Кога сметала дека делото е завршено ја пратила на неколку книжевни агенти и по долго време добила потврден одговор.

Книгите на Бет О’Лири досега се објавени на повеќе од 30 јазици и денес таа е комплетно посветена на пишувањето. Нејзиното дело „Заеднички стан“ е едно од најценетите и ги освои читателите од целиот свет. Во него, главните ликови се Тифи и Леон кои делат стан, но никогаш не се сретнале. На Тифи Мур ѝ треба евтин стан, и тоа итно. Леон Туми работи ноќе и му требаат пари. Нивните пријатели мислат дека се луди, но тоа е совршено решение: Леон живее во станот со еден кревет додека Тифи работи преку ден, а таа го има станот во преостанатото време. Со опсесивни поранешни партнери, со комплицирани клиенти на работа, со погрешно обвинет брат и, секако, фактот дека сè уште не се сретнале, тие откриваат дека ако сакаш совршен дом, треба да го фрлиш правилникот низ прозорец.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.