„Арс Ламина“ со попусти до 50 отсто на предновогодишниот саем на книга во „Скопје сити мол“

Голем број бестселери, дела од домашни автори како и детски изданија од издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе може да најдат на попуст до 50 отсто на предновогодишниот саем на книга што ќе се одржува од утре (вторник, 1 декември) до 6 декември во трговскиот центар „Скопје сити мол“. На почетокот од празничната сезона, вљубениците во книгата ќе може да ја „освежат“ својата библиотека со нови и привлечни изданија за сечиј вкус.

На предновогодишниот саем ќе може да се најдат по намалени цени голем број странски дела како „Мојата автобиографија“ од легендата во фудбалот, Сер Алекс Фергусон; „Фајронт во Сараево“ од д-р Неле Карајлиќ; „Е, баш ме заболе“ од Марк Менсон; „Моите изуми“ од Никола Тесла; „И така, ви велам…“ од познатиот монтипајтоновец Џон Клиз; „Љубов во време на колера“ од Габриел Гарсија Маркес, „Лето како во Мама Миа“ од Ени Робертсон итн. Дела од домашни автори, исто така ќе бидат достапни на попуст, меѓу кои „Јас сум Цако“ од Александар Матовски-Цако и „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ од познатиот македонски спортски новинар Зоран Михајлов.

Од литературата за деца на штандот на „Арс Ламина“ ќе може да се најдат многу интересни изданија за најмалите како што се сите делови од серијалот за Исидора Мун, двата дела од „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“, „Малиот Стјуарт“ и многу други.

Посетете го штандот на „Арс Ламина“ и почнете со купување подароци за вас и за вашите најблиски!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.