Онлајн промоција на книгата „Најстар стил на македонското народно пеење“ од основоположникот на катедрата за етномузикологија Ѓорѓи Ѓорѓиев

Книгата „Најстар стил на македонското народно пеење“ на универзитетскиот професор и етномузиколог Ѓорѓи Ѓорѓиев ќе биде промовирана онлајн на 25 ноември (среда) во 19 часот на фејсбук-страницата „Литература.мк“. Книгата ја објави издавачката куќа „Арс Ламина“ и ќе може да се најде во книжарниците „Литература.мк“ или да се нарача преку веб-страницата www.literatura.mk. Модератор на онлајн промоцијата ќе биде етномузикологот Бранка Костиќ Марковиќ, а покрај професорот Ѓорѓиев за делото ќе говори и уредникот Филип Видиновски.

„Најстар стил на македонското народно пеење“ е опсежна студија на нашата вокална традиција и фокусот во делото е ставен на најстарите женски обредно-обичајни и трудови песни што содржат извикувања, а авторот ја расветлува генезата, формата и содржината на поставените прашања од оваа проблематика.

Проф. д-р Ѓорѓиев е прв доктор на музички науки на ФМУ во Белград од неговото постоење, а и меѓу првите во поранешна Југославија, со огромно искуство и широк опсег на истражувања. Воедно, тој е и основоположник на одделот по етномузикологија на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Главен предмет на неговиот истражувачки авторски опус е развојот на македонската песнопојна традиција.

Оваа публикација е адаптација на неговата докторска студија и претставува исклучително важна придобивка за македонската научна етномузиколошка мисла. Во „Најстар стил на македонското народно пеење“, Ѓорѓиев се нурнува длабоко во предисторијата на македонското народно пеење, реликтните форми што содржат извикување, пред сè кај формите употребувани во предисториски говори оптоварени од безброј извикувања што без сомнеж претставуваат најсигурен, убедлив и неоспорен показател за идентификација на староста на песните со извикување што го олицетворуваат најстариот стил на македонското народно пеење.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.